ШТО ВЕЛАТ ПОДАТОЦИТЕ ЗА РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ? Вкупно 770 километри патишта, реконструирани 400 училишта, изградени градинки…

За само една година по преземањето на одговорноста на централната власт се овозможи да се инвестираат 500 милиони евра за локален развој преку два јавни повици. На последниот втор повик имаше 887 од 80 општини. Само во овој момент се реализираат проекти по општините од над 100 милиони евра обезбедени од Владата, рече Мицкоски. 

769

Во изминативе 4 години се изградени и реконструирани улици и патишта во вкупна должина од над 770 километри во вкупна вредност од околу 100 милиони евра, изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски на денешниот настан Саем – Отчет, четири години работа за тебе.

– Направени се 46.840 метри нови водоводи, и изградени се канализации од должина над 91 илјади метри. Изградени или во завршна фаза на градење се 7 пазари од затворен тип. Изградени или во завршна фаза на градење се 12 пречистителни станици – рече Мицкоски.






Во делот на образованието, додаде Мицкоски, реконструирани и модернизирани се над 400 училишта.

– Поставени се фотоволтаици на поголем број на училишта, обезбедена е бесплатна храна за децата од 1 до 5 одделение и обезбедено е бесплатно летување за децата од социјално загрозените семејства во голем број на општини, со доградба и реконструкција на училиштатата се воведе и едносменска настава – рече Мицкоски.

Тој додаде дека се реконструирани и модернизирани повеќе од  70 детски градинки, а нови изградени се  десетици градинки за што се потрошени повеќе од 1 милијарда денари.

Мицкоски информира и дека се завршени или во завршна фаза се 274 спортски игралишта или детски рекреативни терени.

-Изграден нов полузатворен градски пазар на површина од 1.200 м2 со обезбедни паркинг места во Штип. После долги години изграден е нов покриен пазар во Велес. Во завршна фаза е изградбата на модерен градски пазар со простории за трговија, катна гаража и канцеларии во Радовиш. Изградена е пречистителна станица за отпадни води во с. Видовиште со финансиска конструкција од 1,9 милиони денари. Направена е изградба и реконструкција на 20  повеќенаменски спортски и детски игралишта во општина Охрид – рече Мицкоски.

Тој посочи дека има разлика на инвестирањето во општините на сегашната и поранешната власт.

– За тоа како изгледа поддршката на централната власт на општините најдобро се гледа и во инвестираните 500 милиони евра за капитални проекти за локален развој за општините. За само една година по преземањето на одговорноста на централната власт се овозможи да се инвестираат 500 милиони евра за локален развој преку два јавни повици. На последниот втор повик имаше 887 од 80 општини. Само во овој момент се реализираат проекти по општините од над 100 милиони евра обезбедени од Владата. И таа поддршка ќе продолжи – рече Мицкоски.

Поврзани содржини