ШТО ТРЕБАЛО ДА ПРЕЗЕМЕ ЏАФЕРОВСКИ ДО 2020 ЗА ОБЈЕКТ ШТО ИЗГОРЕ ВО 2025 ГОДИНА? Јошевска категорична дека обвинението е погрешно конструирано

Правниот објект кој изгоре во 2025 година во правна смисла не постоел во времето кога на функција во ДЗС бил Аднан Џаферовски. Објектот бил реконструиран, што значи дека е нов објект. Не можете да обвинете некого за пропуст, ако не можете да докажете што пропуштил, рече денеска Сузана Јошевска Анастасовска, бранителка на поранешниот директор на ДЗС Аднан Џаферовски во процесот за пожарот во „Пулс“.

99

Обвинението за пожарот во „Пулс“ е правно погрешно и без факти кои го поврзуваат со трагичниот пожар, истакна на денешното рочиште одбраната на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски. Неговата бранителка, адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска предупреди дека ниту еден системски пропуст не создава индивидуална кривична одговорност. Џаферовски, пак, порача дека совеста му е апсолутно чиста и дека верува во чесноста на правдата и праведноста на судот.

Адвокатката Јошевска Анастасовска во воведниот говор истакна дека обвинението е погрешно конструирано и дека не постојат факти кои го поврзуваат нејзиниот клиент со трагичниот настан.






– Мојата единствена порака до вас денеска е дека јас и Аднан Џаферовски не сме ви непријатели. Ова обвинение вака конструирано ни става замка во која сите – ние, вие, судот, јавноста – мораме да се снаоѓаме во хаос кој не е создаден од факти, туку од погрешна правна рамка – рече Јошевска Анастасовска.

Таа нагласи дека обвинението против Џаферовски, кој беше директор на ДЗС во периодот од 2017 до 2020 година, „ја промашува адресата за кривична одговорност“.

– Обвинителството меѓу обвинетите како Аднан не бара кривична одговорност, туку системска грижа. Не прибирале докази кои би оделе нанапред кон резултатот, туку од списокот се одело наназад. Непристрасна истрага дозволува доказите да водат кон резултатот, но овде резултатот е прво поставен, па после се барало како да се состави приказната. Тоа не е правна логика, тоа е попис претворен во обвинителен акт – додаде таа.

Јошевска посочи дека ниту еден системски пропуст не создава индивидуална кривична одговорност без конкретна поврзаност на дејството со последицата, како што бараат правото, разумот и логиката.

– Правниот објект кој изгоре во 2025 година во правна смисла не постоел во времето кога на функција бил Аднан Џаферовски. Објектот бил реконструиран, што значи дека е нов објект. Што точно требал да преземе Аднан Џаферовски од 2017 до 2020 година за да спречи пожар во објект кој изгорел во 2025 година, а настанал во 2024 година? Не можете да обвинете некого за пропуст, ако не можете да докажете што пропуштил – истакна Јошевска.

Таа додаде дека „директорот не пишува планови и не ги оценува, не може да нареди вонредна инспекција без да добие информација, нема законска надлежност да знае за нелегални објекти“.

– Аднан Џаферовски како директор не знаел за реконструкцијата во 2024 година. Наводниот синџир на пропусти е прекинат со реконструкцијата во 2024 година. Ова не е случај во кој фактите се спорни, ова е случај во кој правото е погрешно применето и токму судот треба да биде последниот филтер на разумот – заклучи Јошевска.

Обвинетиот Аднан Џаферовски нагласи дека не чувствува вина за трагичниот настан.

– Не смееме да доволиме една трагедија, едно зло да го одмаздиме со друго и притоа да мислиме дека правдата е задоволена. Мене како човек совеста ми е апсолутно чиста. Обвинет сум за несторување со умисла во нефункционален систем. Јас бев само кратко време на чело на еден фрагмент од тој нефункционален систем кој пробав со моето знаење и умеење да го подобрам и сметам дека во голем дел успеав – рече Џаферовски.

Ги рабирам амбициите на луѓето, додаде тој, затоа што без амбиции човекот е како без сенка.

– Ги разбирам и амбициицте на некои јави обвинители да напредуваат во своите кариери. Ама никако нема да прифатам тоа да го прават на штета и со рушење на мојот интегритет. Тоа нема да им го дозволам – рече Џаферовски.

Тој додаде дека верува дека ќе го убеди судот за неговата невиност низ доказите кои ќе бидат презентирани.

– Чесен суде, јас не сум очајник за да се надевам на милост или да очекувам што ќе ми даде господ. Пред сè и над сè очекувам и верувам во чесноста на правдата, праведноста на судот – заврши Џаферовски.

Обвинителството ги гони директорите на Дирекцијата за заштита и спасување во периодот од 2012 до 10 март 2025 година, дека како службени лица „заеднички со особен придонес во извршување на делото, иако биле свесни дека поради нивното несторрување може да настапи штетна последица, се согласиле со нејзиното настапување на начин што не преземале мерки и активности за заштита на животите и имотот на луѓето од пожари со отстранување на причините за настанување на пожари, предвидени во член 68 од Закон за заштита и спасување.

АКО СИСТЕМОТ Е ВИНОВЕН ЗА ПОЖАРОТ, ЗАРЕМ ВОДАТА ЗА ГАСНЕЊЕ НЕ Е ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО? Бог да чува, ме обвинуваат дека сум се согласил за смртта на 63 луѓе, рече Салиу

Поврзани содржини