ШТО СОЗДАВА ПОВЕЌЕ АНТИТЕЛА, ВАКЦИНАТА ИЛИ ПРЕЛЕЖАНОТО? Научниците конечно имаат одговор
Вакцинираните луѓе имаат и до двојно повеќе антитела од оние кои прележале корона со благи симптоми, а најголемото изненедување за научниците бил фактот дека луѓето над 50 години произведуваат повеќе антитела од младите. Но, има разлика и во квалитетот на антитела. Само оние кои биле произведени преку вакцинација нудат потенцијална заштита од делта-соевите кои доаѓаат.
Пандемијата во светот сè уште е во полн ек, особено поради новите варијанти. Делта плус сојот веќе пристигна на Балканот, а најдобар начин да се заштитиме од инфекција е да се вакцинираме, велат експертите. Тие ќе нè штитат од вирусот и откако ќе помине оваа корона-пандемија, но едно нешто што ги интересира научниците е дали луѓето се подобро заштитени со вакцина или природен имунитет од прележаната болест?
Одоговорт на ова го нашле тимовите на научници предводени од Џоел Пелети и Жан-Франсоа Мејсон, професори на Катедрата за хемија на Универзитетот во Монтреал, пишува Мондо.
Вакцинираните имаат повеќе антитела и подобра заштита
Во нивната студија, објавена во списанието „Scientific Report“s, тие посочуваат дека луѓето вакцинирани со Фајзер или со АстраЗенека имале нивоа на антитела кои биле значително повисоки од оние кои природно се заразиле и ја прележале короната. Овие антитела биле ефикасни и против делта-сојот кој се појави подоцна.
Мејсон, специјалист за биомедицински инструменти, и Пелет, експерт за хемија на протеини, биле особено заинтересирани за групата луѓе кои се најмалку проучувани до сега. Тоа се луѓето кои се заразиле, но не лежеле во болница бидејќи имале поблаги симптоми.
Студијата опфатила 32 лица од Канада, испитани меѓу 14-тиот и 21 ден откако им бил дијагностициран вирусот со ПЦР-тестирање, а не требале да бидат хоспитализирани. Важно е да се спомене дека сè се случило во 2020 година, пред да се појават бета, делта и гама варијантите.

Луѓето постари од 50 години создаваат повеќе антитела
– Секој што бил заразен произведува антитела, но постарите луѓе произведуваат повеќе од оние помлади од 50 години. Покрај тоа, антителата сè уште биле присутни во нивниот крвоток четири месеци по дијагнозата – рече Мејсон.
Антителата добиени по инфекцијата со оригиналниот вид на коронавирусот реагирале и на другите соеви што се појавија во следните бранови, но во помала мера – нивната моќ била намалена за 30 до 50 отсто.
– Резултатот што најмногу нè изненади беше тоа што антителата произведени од природно инфицирани луѓе постари од 50 години обезбедија повисок степен на заштита од оној на луѓето помлади од 50 години – истакна Пелети.
Вакцинираните имаат дупло повеќе антитела и се заштитени од новите делта-соеви
Кога некој што имал блага клиничка слика за корона се вакцинира, нивото на антитела во неговата крв се удвојува во споредба со невакцинирана личност која била заразена со вирусот. Нивните антитела се способни и да ја спречат интеракцијата на протеинот ACE-2, односно пенетрација на делта-соевите, објаснуваат научниците.
– Но, она што е уште поинтересно е дека имаме примероци од лице помладо од 49 години кое не произведувало антитела кои ја инхибираат интеракцијата на протеинот ACE-2, за разлика од вакцинираните. Ова укажува дека вакцинирањето ја зголемува заштитата од делта-сојот меѓу луѓето кои претходно биле заразени со оригиналниот вид – заклучил Мејсон.