🎥 ШТО СНИМИЛ ДРОНОТ НА МЕСТОТО КАДЕ ШТО ИСЧЕЗНАЛА ДАНКА? Жител рекол дека најмногу се плаши од едно нешто
Еден од жителите изјавил дека се надева дека детето сѐ уште е живо, но најмногу се плашел од каналот бидејќи е длабок 2 метра, а во него тече брза вода која може да однесе човек, а не, пак, дете.
Потресната сцена од потрагата по 2-годишното исчезнато девојче Данка Илиќ од Бор е снимена со дрон. Како што се гледа на видеото, кое вчера го објави порталот ЗА Медиа, втор ден по ред, багери на теренот го растоварале насобраното ѓубре од дворот на куќата во која последен пат било видено девојчето.
Вчера наизменично се менувале полициските и противпожарните возила, едни си заминувале, а други доаѓале, но од Данка немало трага. Како засилување пристигнале 2 специјалистички екипи за спасување од урнатини, од Белград и од Нови Сад, од Секторот за вонредни состојби на српското МВР.
Екипите ги сочинувале 18 пожарникари-спасувачи со 5 теренски возила и 1 куче спасител.
Полициските службеници вчера разговарале и со жителите на Бањско Поле, кои ги легитимирале, па им извршиле увид во куќите.
Еден од жителите изјавил дека се надева дека детето сѐ уште е живо, но најмногу се плашел од една работа.
– Најмногу се плашам од тој канал бидејќи е длабок 2 метра, тече брза вода која може да однесе човек, а не, пак, дете – рекол тој.
Потрагата по Данка Илиќ влезе во петтиот ден. Ни вчерашната потрага не заврши успешно и покрај повеќечасовните напори на сите членови на српското Министерство за внатрешни работи.
Данка Илиќ последен пат е видена во вторник околу 13.45 часот во Бањско Поле. Во моментот на исчезнувањето, таа носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна, а косата ѝ била врзана во опавче.
Системот „Најди ме“ (Pronađi me) е активиран за првпат во Србија поради нејзиното исчезнување, а како што е наведено на сајтот „pronadjime.mup.gov.rs“, девојчето има кафеава коса, кафеави очи и е високо е околу 85 сантиметри.