ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ЗАД КАМЕРИТЕ? Заткулисни детали од претседателската дебата

8,121

Телевизија 21 денеска објави што се случувало синоќа зад кадар на првата претседателска дебата меѓу кандидатите за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова.

Еве што се случувало во студиото на ТВ21, пред да се вклучат и откако се изгасиле камерите.






Прв дошол кандидатот поддржан од СДСМ Стево Пендаровски, а потоа Силјановска Давкова, која оставајќи ја ташната се поздравила со противкандидатот, а потоа со неговото обезбедувањето и со лицата задолжени за односи со јавност, за кои кратко прокоментирала дека не ги познава.

 

Никој не очекувал дека ќе дојде до толку остра и жолчна дебата, во која двајцата упатуваа тешки критики меѓусебе.

– Мислам дека не се ниту погледнаа откако заврши дебатата. Настана еден молк во студиото, секунди кои се претворија во часови… Тишината одредуваше кој и како ќе го напушти студиото – коментира уредникот Јовица Пауноски.

Поврзани содржини