📷 ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО МОСКВА? По САД и Летонија и Германија издадоа предупредување за можни терористички напади
Предупредувањата укажува на потенцијалниот ризик од напади со беспилотни летала и терористички напади врз мрежата на јавен превоз, особено во железничкиот сообраќај во Русија.
Министерствата за надворешни работи на Летонија и Германија им се придружија на САД во предупредувањето за можни терористички напади во Русија, пишува The Moscow Times.
Двете земји издадоа совети до своите граѓани, повикувајќи ги да избегнуваат патувања во Русија и да се чуваат од масовни настани во следните 48 часа.
Министерството за надворешни работи на Летонија објави предупредување на Твитер, во кое ги повика граѓаните да се воздржат од патување во Русија и да избегнуваат масовни собири во Москва поради можни терористички напади.
🟨 Saistībā ar iespējamiem terora aktiem tuvāko 48 stundu laikā Maskavā stingri aicinām neceļot uz Krievijas Federāciju un izvairīties no masu pulcēšanās vietām Maskavā.
Vairāk @Arlietas ceļojumu brīdinājumā ➡️ https://t.co/zTbDuifMTc#CeļoDroši pic.twitter.com/gJy4mHeoAN
— Ārlietu ministrija 🇱🇻 | #atbalstuUkrainu 🇺🇦 (@Arlietas) March 8, 2024
Германија, исто така, ги промени упатствата за своите државјани како и за оние оние со двојно државјанство. Извештајот укажува на потенцијалниот ризик од напади со беспилотни летала и терористички напади врз мрежата на јавен превоз, особено во железничкиот сообраќај во Русија.
Предупредувањата од Летонија и Германија уследија по слична најава на американската амбасада во Русија.
Во соопштението се наведува дека екстремистите имаат намера да нападнат големи собири на луѓе, вклучително и концерти, во следните 48 часа. Одредени активности не се наведени.
На предупредувањето се приклучи и британското Министерство за надворешни работи, кое ги советува своите граѓани да се воздржат од патување во Русија.
Денеска, 8 март, Москва ќе биде домаќин на голем концерт со учество на естрадни ѕвезди како и голем број други настани посветени на Меѓународниот ден на жената.
Министерството за надворешни работи на Русија и Кремљ сè уште не ги коментираат изјавите на дипломатските претставништва.