ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО БЕЛГРАД? Познат е мотивот поради кој малолетник уби едно лице, а тешко рани уште едно
По кратка пресметка, дофрлување и расправија, напаѓачот со остар предмет ги нападнал младите и во таа прилика до смрт го избодел Марко А, а го ранил Бранко Д, додека третиот млад човек останал неповреден.
Белградската полиција го уапсила Л.Ш. (17) поради сомневање дека синоќа во Жарково на Баново Брдо го убил Марко А. (31) и тешко го ранил Бранко Д (27).
Злосторството се случило во близина на основното училиште, но надвор од училишниот двор. Тројца млади момчиња седеле на клупа кога им пришол напаѓачот. По кратка пресметка, дофрлување и расправија, напаѓачот со остар предмет ги нападнал младите и во таа прилика до смрт го избодел Марко А, а го ранил Бранко Д, додека третиот млад човек останал неповреден.
Откриен е и мотивот за убиството, наводно, убиениот и ранет млад човек претходно го претепал Л.Ш., а тој сакал да им се одмазди.
– Наводно, малолетникот пред извесно време се судрил со М.А. и Б.Д. а потоа го претепале. Првите индиции од истрагата укажуваат дека оттогаш се подготвувал да им се одмазди и само чекал прилика да ги нападне – вели изворот за српските медиуми.
Малолетниот Л.Ш. веднаш оди во Одделението за малолетници на Вишото јавно обвинителство на сослушување, дознава Телеграф.