ШТО СЕ СЛУЧУВА СО СРПСКИТЕ ИНФЛУЕНСЕРИ? Познат јутјубер се закани со самоубиство

Според извештаите, се дознава дека се работи за маж на 36-годишна возраст, кој е многу популарен на Инстаграм и ТикТок.

977

Српските медиуми информираат дека во Нови Сад во тек е спасувачка акција, откако познат инфлуенсер се закани преку социјалните мрежи дека ќе се самоубие.

Според извештаите, се дознава дека се работи за маж на 36-годишна возраст, кој е многу популарен на Инстаграм и ТикТок. Тој се затворил во својот стан во центарот на Нови Сад, а на полицијата која веднаш интервенирала ѝ соопштил дека ќе се убие доколку припадниците на редот упаднат во неговиот дом. Неколку пати во текот на денот објавил видеа од својот разговор со полицајците.






Минатата недела, популарната српска јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ се самоуби во изнајмен стан во центарот на Белград.

Поврзани содржини