ШТО СЕ СЛУЧУВА СО РЕК БИТОЛА? Исклучен блок1 поради техничка ревизија
Од РЕК Битола велат дека тоа е редовна постапка во работењето и нема потреба од дополнителен увоз на струја бидејќи потребите се задоволуваат со производството на блокот 2.
Само еден блок од трите на РЕК Битола денеска произведува струја. Во погон е блокот 2, а поради техничка ревизија од рано утринава не работи блокот 1.
Од комбинатот информираат дека блокот 2 бил изклучен во период кога има намалена потрошувачка на струја, односно околу 3 часот, со тоа што потрошувачката се покрива со работењето на блокот 2.
Според надлежните, ревизијата на блокот е редовна техничка постапка која се реализира според неделен или месечен план.
Од ЕСМ додаваат дека во текот на денот Блок 1, додека котлите сѐ уште ја имаат потребната температура, ќе биде повторно пуштен во погон и вклучен на мрежата.
Третиот блок сè уште не работи, откако пред десет дена имаше пожар на трафостаница.