ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ИМПЕРИЈАТА ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НА МАСК? Речиси сите директори ја напуштија
Последното од низата заминувања на директорите од компанијата е на главниот финансиски директор.
Компанијата xAI, основана од Илон Маск, ја напушти и главниот финансиски директор Мајк Либераторе, објавија американските медиуми.
Ова е последното во серијата заминувања на високи раководители од компанијата за вештачка интелигенција на Маск.
Либераторе, поранешен менаџер во Airbnb, се приклучи на xAI во април иза неколку месеци помогна во организирањето на собирањето 5 милијарди долари преку долг и дополнителни 5 милијарди преку рекапитализација, од кои речиси половина беа обезбедени од SpaceX. Тој, исто така, надгледуваше дел од проширувањето на центарот за податоци во Мемфис.
Тој не е единствениот што ја напушти империјата за вештачка интелигенција на Маск оваа година. Роберт Кил, генерален советник, замина во август по нешто повеќе од една година во компанијата. Вишиот адвокат Рагу Рао, исто така, замина приближно во исто време.
Во јули, Игор Бабушкин, коосновач на xAI, кој сега лансира свој фонд за ризичен капитал посветен на истражување на безбедноста на вештачката интелигенција, исто така го објави своето заминување.
Покрај тоа, Линда Јакарино, поранешната директорка на платформата X, поднесе оставка во јули по контроверзиите околу однесувањето на Grok, четбот развиен од xAI и достапен за корисниците на X.
Компанијата xAI ја презеде платформата X во март.