ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ФИРМИТЕ? Речиси 83.000 работници на ја добиле јануарската плата
Од Управата за јавни приходи (УЈП) информираат дека на компаниите што не го испочитувале рокот веќе им се испратени опомени, доколку не ја исплатат платата во наредниот период, ќе биде спроведена присилна наплата.
Речиси 83.000 вработени сè уште не ја добиле јануарската плата, што е три и пол пати повеќе во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи (УЈП), пренесе ТВ „Сител“.
Јануарска плата лани фирмите не им исплатиле на околу 25.000 работници.
Од Управата за јавни приходи (УЈП) информираат дека на компаниите што не го испочитувале рокот веќе им се испратени опомени, доколку не ја исплатат платата во наредниот период, ќе биде спроведена присилна наплата.
Не се знае колку од фирмите што не исплатиле плата се во приватниот, а колку во јавниот сектор и дали има неисплатени плати за повеќе месеци.
Според законските обврски, рокот за исплата на јануарската плата бил 15 февруари.
Управата за јавни приходи објави дека плата во декември не зеле речиси 82.000 вработени, додека во ноември скоро 70.000.
Во земјава има 70.000 фирми со вкупно 551.264 вработени.