ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ДИНО МЕРЛИН? Познатиот пејач бил префрлен во болница откако му се слошило
Изгледаше многу лошо, едвај одеше. Јас живеам овде, па често го гледам. Одвреме-навреме доаѓам во неговата продавница, изјавила една жена која била на местото на настанот.
Познатиот пејач Дино Мерлин бил префрлен во болница со Брза помош откако му се слошило во неговата продавница во Башчаршија во Сараево, јавуваат хрватските медиуми.
Според извештаите, итната помош дошла во неговата продавница, а по кратко време тој излегол со нив и веднаш го однеле во болница, пренесува „Блиц“.
– Изгледаше многу лошо, едвај одеше. Јас живеам овде, па често го гледам. Одвреме-навреме доаѓам во неговата продавница – изјавила една жена која била на местото на настанот.
Според неофицијални информации, на Дино Мерлин му се слошило околу 21 часот и тој е надвор од животна опасност. Пејачот бил придружуван од неговата ќерка Наида, која е десна рака на нејзиниот татко и блиска соработничка, која синоќа го придружувала до Брзата помош
Во меѓувреме се огласи менаџментот на пејачот и извести дека Дино Мерлин се чувствува добро и моментално се наоѓа во неговиот дом во Сараево.