Што се случува со авионите на Боинг, уште еден авион почна да се распаѓа (ФОТО+ВИДЕО)
Два слични бизарни инциденти се случија во ист ден.
Холандските власти започнаа истрага откако од карго авионот на Боинг почнале да паѓаат метални делови кратко по полетувањето. Инцидентот се совпадна со сличен настан во САД, кога истото се случило со Боинг кој летал во близина на Денвер, Колорадо.
Еден од моторите на Боинг 747-400, наводно, се запалил откако авионот полетал од аеродромот Мастрихт-Ахен во саботата. Според надлежните од аеродромот, авионот потоа почнал да „губи“ делови додека прелетувал над станбената област во близина на аеродромот.
Според извештаите во медиумите, две лица биле полесно повредени, од кои на едното му требало хоспитализација. Паднатите делови наводно оштетиле и неколку возила и домови.
Фотографијата објавена од холандските медиуми покажува голема метална шипка која го пробила покривот на автомобилот откако паднала од авионот.
VIDEO. Vliegtuig vat vuur na opstijgen in Maastricht: onderdelen vallen in woonwijk https://t.co/K6GXZ68uma pic.twitter.com/kyxc8US5Yr
— HBvL (@hbvl) February 20, 2021
Авионот, кој патувал кон Њујорк, бил пренасочен кон Лиеж во Белгија, каде што безбедно слетал.
Холандскиот комитет за безбедност соопшти дека започнал „итна истрага“ за инцидентот.
Бизарен инцидент се случи истиот ден кога авион Боинг 777 на „Јунајтед ерлајнс“, кој леташе од Денвер до Хонолулу, почнаа да му паѓаат остатоци во станбена населба откако му откажал моторот за време на летот. Нема извештаи за повредени и авионот итно слета на меѓународниот аеродром во Денвер.