ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕСKA ВО ЧЕРНОБИЛ? Зголемена е радијацијата, но катастрофа нема да има

Зголеменото движење на луѓе и возила во и околу зоната на Чернобил ја кренале радиоактивната прашина што се наоѓа на земјата, вели професорката Коркил и додава: Доколку нема понатамошно движење, ова треба повторно да се намали во текот на следните неколку дена.

706

Скок на радијација е забележан во близина на нуклеарната централа во Чернобил, која е заземена од руските сили, покажуваат податоците од мониторингот. Но, катастрофа нема да се случи, односно е исклучително малку веројатно, велат експерти за Би-Би-Си. Всушност, зголемувањето на радијацијата го предизвикале тенковите и војниците со своето движење по загадената почва, правејќи прашина, која е радиоактивна. Со други зборови, реакторот не е загрозен.

Нивото на радијација се зголемила за околу 20 пати, според мониторинг станиците. Но, експертите велат дека друга голема нуклеарна катастрофа таму е „исклучително малку веројатна“.






Порастот беше предизвикан од тешки воени возила кои одејќи ја промешаа загадената почва во зоната на исклучување од 4.000 квадратни километри околу напуштената централа, објави Украинскиот Државен нуклеарен регулаторен инспекторат .

 

Најголемиот скок е забележан во близина на оштетениот реактор. Нивоата на радијација постојано се следат таму – мерено како доза што би ја примиле на час на некоја локација. Во близина на реакторот, вообичаено би примале доза од околу три единици, наречени микросиверти, секој час. Но, денеска, радијацијата скокна на 65 микроСВ/час.

– Зголеменото движење на луѓе и возила во и околу зоната на Чернобил ја кренале радиоактивната прашина што се наоѓа на земјата – вели професорката Коркил и додава:

– Доколку нема понатамошно движење, ова треба повторно да се намали во текот на следните неколку дена.

Чернобил содржи неколку капацитети за задржување на нуклеарен отпад – вклучувајќи ја и огромната заштитна купола што го покрива реакторот број четири, оној реактор што неславно експлодираше предизвикувајќи ја катастрофата во 1986 година.

– Овие згради се дизајнирани за задржување на радиоактивни материјали одвнатре, но тие не се нужно оклопни: тие не се дизајнирани да работат во воена зона – вели професорот Коркил.

Несреќата се случи во 1986 година.

– И она што ја ослободи радиоактивноста тогаш беше огромен пожар – вели професорката.

Според неа повторување на таквата катастрофа е „исклучително малку веројатно“.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека Украина денеска ја информирала дека реакторите за нуклеарна енергија во земјата продолжуваат да работат безбедно.

Поврзани содржини