Што се ковид-пасошите и дали ќе создадат повеќе проблеми отколку што ќе решат?

Индустријата за туризам и забава е особено заинтересирана за ковид-пасошите.

281

Владите ширум светот сè повеќе ја разгледуваат потенцијалната улога на ковид-пасошите, кои би им биле дадени на вакцинираните против коронавирусот, кога зборуваат за повторно отворање на своите економии на начин на кој можат да ги идентификуваат луѓето кои се заштитени, пишува „Reuters“.

Но, оние што развиваат такви технологии предупредуваат дека алатки како електронскиот пасош исто така имаат последици, како што се исклучување на цели групи луѓе од социјални настани и повикување на законодавците сериозно да размислат како да ги користат плодовите од работата на програмерите и инженерите за развој.






Индустријата за туризам и забава е особено заинтересирана за ковид-пасошите.

– Треба да се обидеме да се вратиме во нормала – вели Сача Лорд, ко-основач на музичкиот фестивал „Парклајф“. Тој посочува дека концертите или настаните каде што мора да се спроведат мерки за физички простор, едноставно не се финансиски исплатливи.

– Свирка не е свирка, фестивал не е фестивал ако не стоиш рамо до рамо со твоите пријатели – вели Лорд.

Што е со сертификатите за вакцинација?

Се смета, сепак, дека пасошите за вакцинираните треба да бидат избор, а не принуда, и дека оние што ги одбиваат треба да можат да направат брз-тест за ковид-19 на влезот кога присуствуваат на социјални настани, како што се концерти.

Меѓу оние кои што развиваат ковид-пасоши, се и биометриската компанија „iProov“ и компанијата за сајбер безбедност „Mvine“, а тие компании добија и финансиска помош од британската влада. Сега тие пропусници се тестираат од британското јавно здравство (NHS).

Основачот и извршен директор на „IProof“, Ендру Бад смета дека ваквите пропусници или пасоши треба да содржат само две информации: слика на лицето и потврда дека лицето на фотографијата е вакцинирано.

– Сè што треба да направите е да го поврзете лицето со статусот на вакцинација, идентитетот на лицето не мора да се знае – рече Бад.

Во САД, додава тој, веќе има такви пропусници издадени од приватно здравствено осигурување за посетители на спортски или други настани.

– Мислам дека сертификатите за вакцинација покренуваат важни социјални и политички проблеми. Нашата работа е да обезбедиме технолошка основа за правење ковид-пасоши или сертификатите (…), но не зависи од нас за да процениме дали тоа е добра или лоша идеја – вели Бад.

Тој, сепак, предупредува дека може да има дискриминација, привилегии за одредени групи и исклучување на младите луѓе кои се последни во редот за вакцинирање. Тој се надева дека британската влада ќе го земе предвид сето ова и дека внимателно ќе размисли за сите последици од нејзината идна одлука.

Поврзани содржини