ШТО СЕ ДВЕ ЕВРОПСКИ ФРЕГАТИ ВО СПОРЕДБА СО АМЕРИКАНСКАТА МОРНАРИЦА Писториус му порача на Трамп дека Европа не ја почна војната во Иран

Судирот на САД и Израел со Иран не е поврзан со НАТО и Германија не планира да биде вовлечена во војната, рече портпаролот на германската влада Штефан Корнелиус.

461

Војната со Иран не е европска војна, рече денеска германскиот министер за одбрана, Борис Писториус.

Европа не ја почна војната, додаде тој.






– Што очекува Доналд Трамп неколку европски фрегати да направат во Ормускиот Теснец, што моќната американска морнарица не може да го направи – праша Писториус реагирајќи на изјавата на американскиот претседател Трамп дека отсуството на помош за Вашингтон може да има последици по НАТО.

Претходно, портпаролот на германската влада Штефан Корнелиус изјави дека судирот на САД и Израел со Иран не е поврзан со НАТО и оти Германија не планира да биде вовлечена во војната.

– Ниту САД ниту Израел не нè консултираа пред војната, а Вашингтон на самиот почеток од војната децидно наведе дека европската помош ниту му е потребна, ниту е пожелна – посочи Корнелиус.

Поврзани содржини