Што сакаше да каже Мицкоски со поимот „Стокхолмски синдром“?

Иако на прв поглед ова звучи провокативно или сатирично, суштината е мошне сериозна. Мислам дека Мицкоски не зборуваше за психијатриска состојба, туку за ментален и политички феномен кај дел од македонските политички елити и гласачи, за лојалност и приврзаност кон оние кои ја уништија, ограбија и продаваа сопствената држава.

1,037

Во политиката често се користат симболи и метафори за да се пренесе длабока вистина со неколку зборови. Така, во текот на вчерашниот ден, премиерот Христијан Мицкоски во својот одговор на прашањето на одржаната трибина на СДСМ употреби споредба што предизвика реакции.

Парафразирано, изјавата беше: „Има неколкумина во СДСМ кои имаат развиено силно чувство на Стокхолмски синдром, кога жртвата се вљубува во својот ловец“.






Иако на прв поглед ова звучи провокативно или сатирично, суштината е мошне сериозна. Мислам дека Мицкоски не зборуваше за психијатриска состојба, туку за ментален и политички феномен кај дел од македонските политички елити и гласачи, за лојалност и приврзаност кон оние кои ја уништија, ограбија и продаваа сопствената држава.

Но, да одиме по ред. Во психологијата, Стокхолмскиот синдром опишува состојба кога жртвата, по одреден период на подреденост, почнува да покажува емоции, па дури и лојалност кон својот мачител. Тоа е последица на траума, страв и немоќ. Пренесено во политички контекст, Мицкоски укажува дека дел од политичко-партиската структура во Македонија (особено во периодот на владеењето на СДСМ и ДУИ) не само што ја прифати понижувачката позиција на државата, туку ја бранеше, ја оправдуваше и ја продавеше како „успех“.

Изјавата на Мицкоски не е без покритие. Еве неколку илустративни случаи кои го покажуваат токму тој ментален склоп на доброволно или свесно прифаќање на подреденост и понижување, при што штета не претрпе некоја политичка партија, туку државата односно целиот народ:

Преспанскиот договор. Под параванот на „европска брза перспектива“, беше сменето уставното име, идентитетските одредници, истовремено и беше дозволено на Грција да има постојано право да интерпретира историја и идентитет. Наместо договор меѓу еднакви, се прифати второстепена улога и тоа улога на „обвинет“ кој мора вечно да се правда.

Францускиот предлог и протоколите со Бугарија. Во нив, Македонија благодарени на Бујар, Заев и останатите доброволно се обврза дека ќе го „ревидира“ сопствениот идентитет, историја, учебници, дури и говорот во јавниот простор, по меракот и вкусот на источниот сосед. Како да беше нормално држава-членка на ЕУ да одредува како ние ќе се чувствуваме, што ќе учиме, и која ни е историјата и корените. Ова е класичен пример на национална капитулација под дипломатски притисок над луѓе со скршена кичма и ниту грам достоинство.

Селективна правда, амнестии и бегства. Власта на СДСМ и ДУИ се претставуваше како реформска, а во реалноста ја контролираше и ја изопачи правдата и вистината. Никола Груевски не само што не беше спречен да избега, туку институциите „се исклучија“ токму кога беше најважно. Потоа следуваа бесконечните одложувања на судските процеси со цел истите да застарат и на крајот како шлаг на торта им дојдоа измените на Кривичниот законик, со кои беа амнестирани функционери вмешани во тежок криминал и злоупотреби, како од позицијата, така и од опозицијата.

Најтрагичниот симбол на оваа неказнивост на тогашната политичка елита е трагедијата во модуларната болница во Тетово, каде што изгореа 14 животи. Ниту еден функционер не понесе одговорност. Тишината и заборавот станаа дел од државната стратегија.

Системски криминал и корупција. Од РЕК Битола преку фондовите до тендерите, Македонија беше претворена во „систем на контролиран грабеж“ и уцени (читај рекет). Додека граѓаните страдаа и едвај врзуваа крај со крај, луѓе блиски до власта градеа империи. Немаше казни, немаше истраги, само заклучени фиоки кај судиите и обвинителите и медиумска магла.

Кому му се обрати Мицкоски?

Токму тука ја добиваме поентата на изјавата. Мицкоски не зборуваше за партијата СДСМ или за ДУИ. Тој говореше за менталитетот на политичка послушност кон оние што сите нас не понижија. Тоа е порака до секој граѓанин кој уште верува дека тие што владееја до вчера заслужуваат нова шанса. Неговата изјава треба да се толкува како апел: „Не бидете и понатаму жртва која останала приврзана за џелатите. Прекинете со поостоветувањето и поддршката на рушителите на Македонија. Дојде време да се ослободите, не само политички, туку и ментално“.

Време е за отфрлање на поданичкиот дух кон политичките преваранти и трговци. Република Македонија не може повторно да си дозволи да биде управувана од луѓе: кои не чувствуваат срам што државата е ограбена, понижена и излажана пред очите на нашите граѓани и пред меѓународната јавност; кои ги менуваат законите за да се спасат себеси и нивните блиски; кои дозволуваат најлошото брзо да се заборави или да се маргинализира. Не смееме да ги заборавиме и да им опростиме на сите оние кои нѐ понижија, лажеа и нѐ ограбуваа, а притоа воопшто не одговараа.

И со право рече премиерот: ова е симптом. Но, тој симптом е излечив. Со глас, со одлука, со храброст да се погледнеме во огледало и да признаеме: Доста беше! Сакаме иднина, не сакаме повторување на истите болки и понижувања. Време е за колективно будење. Да не бидеме жртви што се вљубиле во својот ловец, туку граѓани што избрале достоинство, одговорност, вистинска правда и прогрес.

Поврзани содржини