ШТО СЀ МОЖЕ ДА НАУЧИТЕ НА ПАТ ОД СКОПЈЕ ДО ОХРИД? Како да ослабнете 32 килограми за 3 месеци?!

Кој како си го запознал животниот сопатник, кој колку деца има, ама и кој колку килограми има, имал или сака да има. Нашиот нов пријател и возач на релација Скопје-Охрид го сподели со нас своето и искуството на својата сопруга, со исхраната по принципот на LCHF

1,890

Кога си барате превоз преку Фејсбук групи, можете да очекувате сѐ најлошо или сѐ најдобро, зависи каква ви е среќата.

Откако се „инфилтрирав“, поточно, ме „инфилтрираа“ во Фејсбук групата во која баш и не припаѓам, ако е судејќи по називот „Охриѓани во Скопје“, пред два дена си најдов превоз за Охрид.






Некако ми се чини и дека и моите случајни сопатници не ги исполнуваат баш критериумите за групава, ама важно се поврзавме. Имено, нашиот симпатичен и кроток возач, Гаго Лихвинцев е всушност скопјанец женет за охриѓанка и натурализиран охриѓанец до таа мера што не отстапува од охридскиот дијалект дури ни кога никој околу него не зборува на истиот. Вториот сопатник пак, Александар Стефаноски е нашиот познат оперски пејач со светска кариера, кој е, колку што разбрав, полуохриѓанец, а не живее ниту во Скопје, ниту во Охрид, туку во Швајцарија.

Како и да е, со моите сопатници се најдовме токму благодарение на оваа група за која напишале дека не е наменета само за организирање на превоз, туку „е креирана за да се имет сите Охриѓани кои се во Скопје на едно место и да се обратат за било каква помош, забава и слично“.

Супер, нели?

И целава приказна всушност не е за патувањето, иако, фала му на Бога, благодарение на тоа што имав среќа да ми се „паднат“ интересни сопатници, беше тоа прилично забавно патување во кое дознавме триста чуда едни за други.

Меѓудругото, за тоа како Гаго се запознал со сопругата. Се запознале на Фејсбук, а во живо се сретнале првпат во Скопје. Таму, поточно, на една клупа во градскиот парк во Скопје се случила и нивната судбинска средба на која сфатиле дека си се судени еден на друг.

И навистина, Гаго и Марија се во брак веќе 8 години, a пред 7 месеци нивното малечко семејство си го добило и најважниот член, нивната мала Анастасија.

Ама да се вратиме на она што за нас од „Арт кујна“ е најинтересно од сѐ, а тоа е начинот на исхрана на оваа брачна двојка, благодарение на кој Гаго ослабнал цели 32 килограми за само 3 месеци, а неговата сопруга ослабнала малку помалку и малку побавно, односно, 20 кг за 5 месеци. Ниту тоа не е лошо, нели?

„Јадев колку сакам, постојано бев сит и полн со енергија. И продолжив да се хранам на истиот начин. Всушност, сега овој начин на исхрана, мене и на мојата сопруга ни стана и начин на живот“, раскажува Гаго, но предупредува и дека овој инаку здрав начин на слабеење, не се препорачува за бремени жени.

Повеќе за овој начин на исхрана прочитајте на порталот „Арт кујна“, а таму ќе ја најдете и фотографијата на која може да видите како изгледала оваа симпатична брачна двојка пред да го смени начинот на исхрана.

Поврзани содржини