ШТО РЕКОЛ ЏОРЏО АРМАНИ ДВЕ НЕДЕЛИ ПРЕД СМРТТА? Еве кој ќе го наследи модниот бизнис

Со неговото заминување не згасна само живот, туку и цела епоха во која едноставноста стана врв на елеганцијата, а луксузот доби поинаква, подостапна смисла.

879

Џорџо Армани, еден од најголемите визионери на модната индустрија, замина од овој свет на 91-годишна возраст и зад себе остави трага која ќе остане запишана во историјата.

Со неговото заминување не згасна само живот, туку и цела епоха во која едноставноста стана врв на елеганцијата, а луксузот доби поинаква, подостапна смисла.






Судбината на Армани беше фасцинантна – од сиромашно детство во Пјаченца, каде често се сеќаваше дека немале ни доволно храна, до изградба на империја што денес опфаќа мода, парфеми и хотели.

Иако првично студирал медицина во Милано, брзо сфатил дека не може да ја поднесе реалноста на професијата.

По кратка воена служба, неговата кариера тргна во сосема друг правец – започна со работа во „Ринашенте“, каде ги дизајнираше излозите, за потоа храбро да го отвори својот бренд.

Токму од таа храброст, чекор по чекор, никна глобалното царство наречено „Армани“. Тој никогаш не ја напушти работата – дури и на 90 години лично ги следеше сите процеси во компанијата.

Но, здравјето почна да му попушта. Во јули 2025 година првпат ја пропушти миланската модна ревија, а потоа и беше хоспитализиран поради болест која не беше откриена во јавноста.

Во август 2025, само неколку недели пред смртта, даде едно од своите најзначајни интервјуа. За првпат јавно зборуваше за тоа кој ќе го наследи неговото дело, велејќи:

„Мојот план е постепено да ја предадам одговорноста на оние кои ми се најблиски, моето семејство и на целиот работен тим“.

Тие зборови се покажаа како неговата последна порака до светот.

Поврзани содржини