ШТО ПРАВИ СДСМ ЗА ДА ПОМОГНЕ СО ПОЖАРИТЕ? Мицкоски ја обвини опозицијата дека се занимава со некрофилија и со лаги
Тие ќе продолжат бидејќи немаат програма, немаат визија, немаат идеја. Ние имаме јасна програма, јасна стратегија како треба понатаму да работиме чесно, одговорно и посветено, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Опозицијата тоа го прави, бидејќи мисли дека на тој начин, со таа стратегија ќе добие политички поени и ќе добие поддршка кај граѓаните, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека власта лошо се справува со пожарите.
– Јас тоа веќе еднаш го коментирав, дури и да е сето тоа точно тие што го кажуваат, а ништо не е точно, тогаш се поставува вистинското прашање што прават тие за да помогнат во процесот? Тие не прават ништо. Тие се занимаваат со некрофилија, со конструкции и со лаги – рече Мицкоски.
Премиерот истакна дека за разлика од СДСМ, Владата има јас визија и стратегија како да работи чесно и посветено.
– Но, тие ќе продолжат бидејќи немаат програма, немаат визија, немаат идеја. Ние имаме јасна програма, јасна стратегија како треба понатаму да работиме чесно, одговорно, посветено. Ќе се бориме и како што кажав многу пати досега, ќе победиме на крај – рече Мицкоски.
Тој нагласи дек пожарите во Трубарево и во Вардариште се целосно под контрола.
– Ги добив резултатите од Институтот за јавно здравје, сите параметри се во рамките на дозволеното. Во Дрисла е при крај, денеска завршува затрупувањето со земја на малиот дел кој чадеше, иако повеќе од 90% уште во понеделникот беше завршена таа активност. Состојбата е под контрола – порача премиерот.