Што прави Ноле додека го шета Пјер? Нормално, држи часови по тенис (ВИДЕО)

Видеото е снимено од случаен минувач кој го објавил на „Твитер“.

722

Српската легенда на тенисот Новак Ѓоковиќ додека го шеташе своето куче по белградските улици на група деца им одржа брз час по тенис.

Видеото е снимено од случаен минувач кој го објавил на „Твитер“.






На него може да се види светскиот број 1 на ранг-листата со неговата бела пудлица Пјер, како му објаснува на едно од децата како да го држи тениски рекет и како се удира форхенд.

Ноле ретко останува незабележан во својата татковина, а очигледно вечерното шетање на Пјер низ улиците на Белград брзо стана импровизирана лекција по тенис.

 

Поврзани содржини