Што поскоро враќање кон Македонија и кон демократијата
Тоа значи Македонија и формалноправно, со посебен документ или со прифаќање на преговарачката рамка со ЕУ, да се откаже од самобитноста на македонскиот народ и од посебноста на македонскиот јазик. Сето ова земјава треба да го направи уште пред да започне со преговорите.
Што да се прави по најновото бугарско вето за почнување на македонските преговори со Европската Унија? Веќе нема никакви дилеми дека Македонија може да ги започне преговорите со ЕУ само откако ќе ги прифати рамковната позиција на бугарската влада и декларацијата на бугарското собрание.
Тоа значи Македонија и формалноправно, со посебен документ или со прифаќање на преговарачката рамка со ЕУ, да се откаже од самобитноста на македонскиот народ и од посебноста на македонскиот јазик. Сето ова земјава треба да го направи уште пред да започне со преговорите. Потоа, пак, најконкретно мора да се пристапи кон промена на учебниците по историја, географија и книжевност по бугарски терк, за да се „ребугаризира“ македонскиот народ, кој, според Софија, е заблуден и „србизиран“ под влијание на осумдецениската југословенска пропаганда (веројатно и новите учебници веќе се подготвени од БАН). Ова е консензуален бугарски национален став.
Кое е, пак, бугарското дипломатско орудие за остварување на нивните национални цели кон Македонија? Европската интеграција! Јасно е дека Европската Унија е скроена на тој начин што секој судир на која било земја-членка кон трета земја, во сојузот, автоматски станува и судир на целата Европска Унија против таа трета земја. Доказот дека нештата така функционираат во европската дипломатија го искусивме на своја кожа при тридеценискиот спор со Грција, кој заврши со тотална капитулација на Македонија и национално предавство, поточно погазување на сите грижливо градени и консензуални позиции на земјава, од независноста, па да неславниот ден во Нивици. Оние што сметаат дека предавство е претежок збор, нека седнат и нека прочитаат како тогашниот претседател Бранко Црвенковски дефинира што би значело национално предавство при усвојувањето на Резолуцијата на македонското собрание за црвените линии во спорот со Грција, едногласно усвоена во 2008 година и еднострано изгазена од Зоран Заев и од неговата дружина во 2018 година.
За жал, иако ние не научивме лекции од нашиот сопствен дебакл, другите дипломатии во меѓувреме магистрирале и докторирале на таа тема. Па, така, грчката политика кон Македонија и Преспанскиот договор сега се урнек за Бугарија и за бугарската дипломатија. Однесувањето на македонската влада, а особено на Зоран Заев, кој се однесува небаре дека едвај чекал земјата да му се вика „Северна…“, на сите душмани на Македонија им ги потврди нивните шовинистички заклучоци дека воопшто не постои македонски народ, дека не постои македонски јазик и дека тука живее некакво „аморфно“ словенско население. Не само тоа туку Бугарите добро го снимиле карактерот на Зоран Заев и на неговата дружина, на кои ама воопшто ништо не им значат одбраната на сопствената држава и одбраната на сопствениот народ, дури и кога толку очигледно се загрозени од овие злокобни оспорувања од соседите.
Тие се вкопани длабоко во сопствената историја и во нивните претстави за своите нации, па слабоста на Македонија и оваа налудничава политика на Зоран Заев им дејствуваат како најпогоден момент да се придвижат механизмите на историјата и да се остварат нивните големодржавни идеи. Затоа деновиве балканските шовинисти зборуваат за Македонија како „втора бугарска држава на Балканот“ и честитаат заокружување на „национален прстен Тирана – Приштина – Скопје“. Безумната политика на актуелната влада ги разбуди духовите на Санстефанска Бугарија и на Природна Албанија, а тоа е директно загрозување на суверенитетот, интегритетот и безбедноста на македонската држава.
Целата колумна на Ивица Боцевски прочитајте ја ТУКА.