Што откри Георгиевски за бугарскиот предлог за Гоце Делчев во историската Комисија?

Георгиевски открива дека според предлог текстот доставен од бугарската страна до комисијата, Македонија мора да го признае бугарскиот карактер на Гоце Делчев дури 12 пати.

4,444

Љубчо Георгиевски во интервју за БГНЕС вели дека македонската страна е подготвена да го реши прашањето за Гоце Делчев, но  открива и  дел од предлогот на бугарската страна во заедничката комисија која работи на историските проблеми.

– Од сигурен извор знам дека прашањето за Гоце Делчев е подготвено да се реши. Според предлог текстот доставен од бугарската страна до комисијата, Македонија мора да го признае бугарскиот карактер на Гоце Делчев 12 пати. Претставници на македонската комисија велат дека ова е, благо речено, понижувачко. Кој е проблемот со наоѓање формула дека Гоце Делчев е бугарски и македонски херој или заеднички херој, дека тој е важен и за двете земји и за двата народа. Македонската страна е подготвена за ваква одлука. И врз основа на тоа, постои подготвеност да се прифатат биографски податоци, за кои досега многу малку се зборуваше во Македонија. Кои се овие биографски податоци: дека Гоце Делчев студирал во бугарско егзархиско училиште, дека студирал на Бугарската воена академија во Софија, дека бил учител во Бугарската егзархија и низа други податоци за кои многу малку се зборува во Македонија – вели Георгиевски.






То додава дека цели  генерации во Македонија учеле дека Гоце Делчев е Македонец и повеќе се борел против Бугарите отколку против Турците.

-Голема работа е кога некој како премиер и претседател или претседател на комисијата ќе излезе и ќе рече дека Гоце Делчев е заеднички херој и на нациите и на двете земји. Оваа работа не може да се потцени и оваа шанса не треба да се испушти. Длабоката состојба за која зборував не сака да чуе за таква формула дека Гоце Делчев е заеднички херој на Македонија и Бугарија. Оваа реалност на Македонија исто така мора да се земе предвид – вели Георгиевски.

Тој смета дека бугарското вето за почеток на преговори на земјава со ЕУ ќе ги врати позицииите на двете земји на почеток и ќе се избрише постигнатиот напредок.

– Во Бугарија постои мит дека ако во декември дадеме зелено светло за преговорите на Македонија со ЕУ, тоа значи дека македонското читање на историјата е признато и сè е готово. Воопшто не е така, Бугарија може да стави вето сто пати во текот на преговорите. Датумот во декември треба да се гледа како отворена врата – за прв пат се отвори историјата на Македонија и се создаваат можности да се поправат некои работи – вели Георгиевски.

 

Поврзани содржини