Што облекоа претседателите и првите дами на С Македонија и Хрватска за средбата во Загреб? (ФОТО)
Двата пара и нивниот стил на облекување елегантност и складност при изборот на гардеробата не останаа незабележани од јавноста и медиумите.
Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска вчера во Хрватска се сретнаа со тамошниот претседател Зоран Милановиќ и неговата сопруга Сања Мусиќ Милановиќ.
Двата пара и нивниот стил на облекување елегантност и складност при изборот на гардеробата не останаа незабележани од јавноста и медиумите.
Македонската прва дама за средбата избра костим со впечатлива сина боја, претседателот се појави во темно одело, со вратоврска во сина боја, ускладена со бојата на костимот на неговата сопруга.
Првата дама на Хрватска, пак, носеше циклама-тегет комбинација, а нејзиниот сопруг модно се ускладил со неа со темното одело и вратоврската во иста циклама боја, како и нејзиното здолниште и салонки.
И двата пара изгледаа елегантно, и забележително беше дека внимавале заедничкото појавување да им биде во тон.
View this post on Instagram