🎥 ШТО МУ ШЕПНА МЕЛАНИЈА НА ДОНАЛД ЗА ВРЕМЕ НА ПОГРЕБОТ? Првата дама на САД спречи дипломатски гаф
Пред повеќе од 400.000 ожалостени на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, каде што се собраа светски лидери, монарси и претставници од 130 земји и меѓународни организации, 78-годишниот американски претседател Доналд Трамп привлекол внимание со својата колебливост во текот на католичката миса.
На погребната церемонија за папата Франциск денеска во Ватикан, Меланија Трамп одигра клучна улога во спречувањето на можен дипломатски скандал, јавуваат странските медиуми.
Пред повеќе од 400.000 ожалостени на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, каде што се собраа светски лидери, монарси и претставници од 130 земји и меѓународни организации, 78-годишниот американски претседател Доналд Трамп привлекол внимание со својата колебливост во текот на католичката миса.
Во моментот кога свештенството ги повика присутните да си подадат „знак на мир“ преку ракување, Трамп остана збунето да ги набљудува околните, не учествувајќи во гестот кој симболизира заедништво и почит.
Според форензичката читачка на усни Никола Хиклинг, токму тогаш Меланија интервенирала, нежно шепнувајќи му на сопругот: „Треба да го направиш тоа“.
По нејзиното упатство, кое го повторила за да биде сигурна дека е разбрана, Трамп одговорил со кусо „Добро, во ред“, по што почнал да се ракува со светските лидери околу себе. Меѓу првите со кои оствари контакт беа претседателот на Естонија Алар Карис, шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција, а потоа и францускиот претседател Емануел Макрон.
Моментот, кој лесно можеше да прерасне во дипломатски гаф пред очите на светската јавност, благодарение на брзата реакција на Меланија остана незабележан од поголемиот дел од присутните.
Иронично, токму на денот кога таа го славеше својот 55-ти роденден, Меланија уште еднаш покажа дека нејзиното присуство покрај Трамп е повеќе од церемонијално — таа беше негов невидлив дипломатски штит во еден мошне чувствителен момент.
The congregation are invited to offer the sign of peace – by shaking each other’s hands.
Cameras quickly pan to the US president, who, after a short pause and a word from Melania, begins shaking hands with other world leaders. https://t.co/Id7P7vW11O
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/SLAqNKbS7S
— Sky News (@SkyNews) April 26, 2025