ШТО МУ РЕКОЛ БОРЕЛ НА ВУЧИЌ? Се разговарало за важната работа која е пред ЕУ и Западен Балкан

Тема на разговорите биле регионални прашања, Босна и Херцеговина, како и важноста на претстојните избори што ќе се одржат во земјата на 2 октомври.

155

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ рекол дека сака да смета на Србија како на искрен кандидат и сигурен европски партнер со заеднички принципи и вредности, безбедност и просперитет.

Борел на Твитер напиша дека со Вучиќ разговарал и за „важната работа која е пред ЕУ и Западен Балкан“.






Според него, тема на разговорите биле регионални прашања, Босна и Херцеговина, како и важноста на претстојните избори што ќе се одржат во земјата на 2 октомври.

Поврзани содржини