Основачот на Микрософт Бил Гејтс на милијардерот Ворен Бафет за 90. роденден му направил торта орео. Гејтс на Твитер објави видео со кое му се обратил на Бафет. На површината на тортата бил исцртан ликот на Бафет, пренесува CNN.
– Ворен, среќен 90. роденден – му порача Гејтс.
Бафет е познат по тоа дека сака слатко и дека пие многу кока кола, каде што е и голем инвеститор, а има и своја фабрика за слаткиши. Како што соопшти CNN, Гејтс и Бфет се долгогодишни пријатели.
Гејтс не случајно одлучил да подготви торта орео. На својот блог напишал дека еднаш го начекал Бафет додека го јадел омилениот десерт за појадок – орео.
Happy 90th birthday, Warren! pic.twitter.com/8nH2EulTR4
— Bill Gates (@BillGates) August 30, 2020