ШТО МУ КАЖАЛ ЏЕЈМС О’БРАЈАН НА МИЦКОСКИ? Американската амбасада информира за средбата со ВМРО-ДПМНЕ

„О'Брајан потенцираше дека САД силно го поддржува патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ“, се наведува меѓудругото во објавата на Фејсбук.

2,726

Фејсбук профилот на Американската амбасада во Република Северна Македонија вечерва информираше за средбата на помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„О’Брајан потенцираше дека САД силно го поддржува патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ, како и важната улога што сите политички партии во земјата треба да ја имаат за поддршка на овој процес, се вели во објавата на „Фејсбук“.






Претходно, за средбата информираше и ВМРО-ДПМНЕ.

 

И ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА И ЗАШТИТА НА ИДЕНТИТЕТОТ Мицкоски ги изложи стратешките приоритети на средба со висок претставник на САД

Поврзани содржини