ШТО МОЖАТ ДА НЕ НАУЧАТ МРАВКИТЕ И МЕРКАТИТЕ ЗА РОДИТЕЛСТВОТО? Стресот од родителството има објаснување во еволуцијата

За разлика од шимпанзите и горилите, по начинот на одгледување на потомството луѓето се послични на меркатите, пчелите и мравките. Еволутивниот биолог Никола Раихани ги открива древните општествени инстинкти кои сè уште ги обликуваат нашите семејства денес.

391

Човечкиот вид поголемиот дел од своето постоење на Земјата го живее во пошироки семејства, во кои мајките добиваат помош од другите членови на семејството.

Од почетокот на пандемијата, менталното и физичкото здравје на родителите се под екстремен притисок. Нивото на стрес, анксиозност и депресија е во пораст, па многумина се запрашаа – зошто е наеднаш толку тешко да се биде родител Зарем на човечкиот вид не му е природно самостојно да се грижи за своите деца и зарем не ги одгледувавме нашите младенчиња без училишта и градинки со милениуми?






Еволутивниот биолог Никола Раихани објаснува зошто тоа всушност не е природно за нас.

„Како вид, луѓето се неверојатно лошо обучени да се грижат за своите деца во изолација. Човечките семејства во својата организација се слични на меркатите. И покрај вкоренетото мислење дека модерното семејство се состои од мали, независни единици, реалноста е дека помагањето на другите ни значи многу во одгледувањето на потомството. Во поголемиот дел од човечката историја, оваа помош ја дава семејството. Во современите индустријализирани општества, каде што преовладуваат малите семејства – наставниците, бебиситерите и другите професионални негуватели ја заменија поранешната мрежа за поддршка“.

Повеќе за ова на порталот МАЈКА И ДЕТЕ.

Поврзани содржини