Што ли нема да смислат – Камчев го привеле за божемна изборна измама?!

Се ројат сомневања дека претставата со приведувањето на Орце Камчев е изрежирана за да се покријат крупните и други скандали на власта, кои во текот на оваа недела беа обелоденувани буквално секој ден.

14,233

Повеќе од два часа по спроведувањето во полициска станица, на бизнисменот Јордан Камчев му е соопштено само едно – дека е приведен за божемна изборна измама, поради која наводно се подготвувал за бегство.

Од извори блиски на Камчев, дознаваме дека тој немал никаква намера за бегство, што може лесно да се заклучи од неколку неспорни и лесно проверливи факти. Бизнисменот Камчев не поседува пасош, а тоа значи дека не може легално да ја напушти земјава и да се даде во бегство. Од друга страна, целото негово семејство, вклучувајќи ги и децата, е во Скопје.






Исто така, сопственикот на „Орка холдинг“ во моментов подготвува крупни инвестиции во Македонија, но и во Белград. Општо познато е дека тој буквално секој ден е ангажиран во менаџирањето на клиничката болница „Аџибадем Систина” и особено на нејзиниот ковид- центар.

– Кој човек во таква ситуација и со такви активности би планирал бегство од земјата? – зачудено велат негови блиски.

Досега во медиумите беа објавени повеќе шпекулации дека спроведувањето на Камчев во полициска станица е поврзано со случаите „Империја“ и „Плацеви на Водно“.

Исто така, се шпекулираше дека Агенцијата за национална безбедност (АНБ) имала цврсти информации дека тој се подготвува за бегство. Дека сето ова веројатно е неточно, говори и тоа што на бизнисменот му било кажано дека е спроведен во полиција поради некаква изборна измама, за која тој не знае ништо.

Се ројат сомневања дека претставата со приведувањето на Орце Камчев е изрежирана за да се покријат крупните и други скандали на власта, кои во текот на оваа недела беа обелоденувани буквално секој ден.

Поврзани содржини