ШТО КРИЕ НАЈСОЧУВАНАТА МУМИЈА ВО СВЕТОТ? Приказната на Ла Дончела е истовремено тажна и фасцинантна

Девојчето пиело и пијалак од пченка, што веројатно требало да ја заспие, велат научниците, а во нејзината уста сè уште имало фрагменти од листовите на кока, кои Инките ги џвакале за да ги намалат ефектите од вистинската болка. Јохан Рајнхард, кој ја предводел експедицијата, го опишал откритието во тоа време како „најдобро зачувана мумија која што сум ја видел“.

904

Мумијата на древна девојка од Инките седи буквално замрзната во сон во музеј во Аргентина е најсочуваната во светот. Не толку познатата, а фасцнинантна „Ла Дончела“ или со друго име „Девица“ е онаа на тинејџерка која починала пред повеќе од 500 години во ритуална жртва на високите планини Анди.

Девојчето и уште две деца биле оставени на висок планински врв за да му подлегнат на студот како дар на боговите. Археолозите ги пронашле нивните мумифицирани остатоци во Аргентина во 1999 година. Ла Дончела била пронајдена облечена во свечена туника и украсена со знаци на главата кои го означувале нејзиниот нов статус на гласник до небото.






Девојчето пиело и пијалак од пченка, што веројатно требало да ја заспие, велат научниците, а во нејзината уста сè уште имало фрагменти од листовите на кока, кои Инките ги џвакале за да ги намалат ефектите од вистинската болка. Јохан Рајнхард, кој ја предводел експедицијата, го опишал откритието во тоа време како „најдобро зачувана мумија која што сум ја видел“.

Според Рајнхард, откривањето на Ла Дончела откри богати детали од стариот живот на Инките, како што е фино плетената коса на девојчето.

Во овој поглед, Ла Дончела дури се спротивставува на претходното откритие на Рајнхард: замрзната мумија наречена Ледена девојка која тој и неговиот колега ја пронашле на еден перуански врв во 1995 година.

Поврзани содржини