ШТО КРИЕ МОЗОКОТ НА МАСОВНИОТ УБИЕЦ ОД МЕЈН? Мозочното ткиво ќе даде одговор дали пореметувањето е поврзано со неговата служба во американската армија

Масовниот убиец Роберт Кард беше резервист на американската армија и постои загриженост дека неговата психичка состојба е предизвикана од постојаната изложеност на експлозии во времето кога обучувал кадети како да ракуваат со пушки, гранати и противтенковско оружје.

454

Мозочното ткиво на американскиот масовен убиец Роберт Кард е испратено на анализа за да се утврди дали неговата болест е поврзана со неговата служба во војската. Роберт Кард во октомври годинава уби 18 луѓе во градот Левистон, во американската сојузна држава Мејн, а подоцна беше пронајден мртов.

Во дивеењето на 25 октомври, тој отвори оган во куглана и бар во Левистон, при што уби 18 луѓе. По тридневната потрага тој беше пронајден мртов. Кард беше резервист на американската армија и постои загриженост дека неговата состојба директно е поврзана со неговата изложеност на експлозии во времето кога обучувал кадети како да ракуваат со пушки, гранати и противтенковско оружје.
Државниот медицински истражител сака да утврди дали повреда на мозокот можеби придонела за неговото необично однесување што доведе до масовното убиство.






Пријателите и семејството на Кард велат  дека тој покажал знаци на параноично однесување ова лето додека тренирал регрути во Вест Поинт во Њујорк и дека две недели бил задржан во психијатриска болница. Тие, меѓу другото, велат и дека слушал гласови и верувал дека другите го обвинуваат дека е педофил.

Колегите на Кард биле толку загрижени што неговиот пристап до оружје бил ограничен кога ја напуштил болницата.

Се стравуваше дека може да изврши уште едно масовно убиство додека полицијата го бараше по пукањето. Подоцна се покажа дека Кард се самоубил.
Портпаролот на медицинскиот истражител изјави дека лабораторија во Масачусетс го анализирала мозочното ткиво на Кард.

Пентагон соопшти дека војската била вклучена во студии за влијанието на т.н  надпритисок на експлозијата врз мозокот и дека биле преземени мерки за да се намали изложеноста на војниците на експлозиите додека не стигнат резултатите.

– Армијата е посветена на разбирање, ублажување, прецизно дијагностицирање и брзо лекување на надпритисок на експлозијата и неговите ефекти во сите негови форми. Иако продолжената изложеност на експлозија може да биде потенцијално опасна, дури и ако е тоа на терен за обука наместо на бојно поле, сè уште има уште многу да се истражи во оваа област – рече портпаролот, потполковник Роб Лодевик.

Поврзани содржини