ШТО КАЖА ПРИГОЖИН ПОСЛЕДНО? Шефот на Вагнер ѝ се обрати на јавноста неколку дена пред смртта

Во видеото кое се верува дека е снимено во Африка, Евгениј Пригожин изјави дека Вагнер регрутира луѓе и дека групата „ќе ги исполни поставените задачи“.

21,886

Шефот на платеничката руска армија Вагнер Евгениј Пригожин, кој загина синоќа во авионска несреќа, пред неколку дена го објави своето прво видео-обраќање по бунтот што го организираше на крајот на јуни.

Видеото, за кое се верува дека е снимено во Африка, се појави на каналите на Telegram поврзани со Вагнер во понеделникот.






-Температурата е +50, сѐ е како што сакаме. Вагнер ја прави Русија уште поголема на сите континенти, а Африка – послободна. Правда и среќа за африканскиот народ, ние сме ноќна мора за ИСИС и Ал Каеда и другите бандити – рече Пригожин.

Тој изјави и дека Вагнер регрутира луѓе и дека групата „ќе ги исполни поставените задачи“.

Иднината на Вагнер и Пригожин е неизвесна од јуни, кога организираа бунт против рускиот воен естаблишмент, а Кремљ тогаш соопшти дека Пригожин и некои од неговите борци, кои се бореле во некои од најтешките битки во Украина, ќе заминат во Белорусија.

По бунтот, некои членови на Вагнер навистина се преселиле во Белорусија и почнале да ја обучуваат армијата.

За потсетување, авион со десет патници, меѓу кои и шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, се урна вчера во регионот Твер. Сите патници го загубија животот при падот на авионот.

Поврзани содржини