ШТО ИЗГУБИ БЕН АФЛЕК! Бонд-девојката Ана де Армас го шармираше и принцот Вилијам (ФОТО)
Филмовите за Бонд секогаш се синоним на акција и гламур, а Ана де Армас дефинитивно била на ниво кога станува збор за црвениот тепих.
Колумбиската актерка Ана де Армас го привлече вниманието на сите присутни на црвениот тепих во Лондон.
Поранешната девојка на Бен Афлек пристигнала на црвениот тепих во „Ројал Алберт хол“ на премиерата на филмот за Џејмс Бонд „Нема време за умирање“. Покрај Даниел Крег во улога на Џејмс Бонд, во улогата на девојката на Бонд се најде токму убавата Ана.
View this post on Instagram
Филмовите за Бонд секогаш се синоним на акција и гламур, а Ана де Армас дефинитивно била на ниво кога станува збор за црвениот тепих. Иако премиерата на филмот беше неколкупати одложувана поради пандемијата на ковид-19, сега имаше и своја гала вечера на која присуствуваа и членовите на кралското семејство, како Кејт Мидлтон, принцот Вилија, принцот Чарлс и Камила Паркер.
Принцовите Вилијам и Чарлс биле фотографирани како разговараат со Ана, а делува дека кубанската убавица и тоа како ги шармирала.
Таа носела сексапилен долг црн фустан кој бил специјално сошиен за неа, а го потпишува модната куќа „Луј Витон“. Со длабок прорез и неверојатно деколте, актерката блескала во сексапилното издание кое истовремено било и многу елегантно.
Ана неодамна по првпат беше уловена со новото момче.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм