ШТО ИМА ВРСКА РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НА АЛБАНИЈА СО ВЛАДАТА НА РМ? Груби во својот кабинет го пречека Јасир Асани кој го нарече „нашиот фудбалер“!
Во средината на годинашниов март беше одигран „фудбалски меч“ во овој кабинет на Груби во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи Артан Груби, кога во „спортувањето“ му се придружија тогаш други функционери од ДУИ, но и неговиот тогашен „специјален гостин“ Александар Сорос.
„Дресот на победата над Фарските острови во мојот кабинет како подарок од ѕвездата на националната репрезентација Јасир Асани како добар предвесник за квалификациите“, објави Артан Груби, првиот вицепремиер на Владата на Македонија на својот фејсбук-профил.
Тој уште напиша: „Видео-моменти од денешната посета на шампионот. Успеси, ѕвездо!“
На фејсбук-профилот на Артан Груби нема никакви произнесувања во врска со најновиот настап на македонската фудбалска репрезентација, тој си почувствува потреба да пласира свој став само за активностите на националната репрезентација на Албанија.
Проблематично е тоа што во официјален државен простор, во кабинетот на еден „прв вицепремиер“ на Владата на Македонија Груби ги пројавува тие свои приватни чувства на одушевување од успехот на една фудбалска репрезентација, сеедно со која, тоа си е негово лично право. Ова е нова злоупотреба и приватизирање на вицепремиерскиот кабинет од страна на Груби, на службениот простор, финансиран од буџетот на Македонија, а не од неговиот личен џеп. Инаку, „јавна тајна“ е дека и лидерот на ДУИ Али Ахмети неретко го користи кабинетот на Груби за свои, партиски активности во име на ДУИ.
Во средината на годинашниов март беше одигран „фудбалски меч“ во овој кабинет на Груби во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи Артан Груби, кога во „спортувањето“ му се придружија тогаш други функционери од ДУИ, но и неговиот тогашен „специјален гостин“ Александар Сорос, американскиот „човекољубец“ и претседател на Фондацијата „Отворено општество“. Мешавина на „пријателски разговор околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион со Александар Сорос.“ – напиша Груби по таа злоупотреба на својот, поточно владин кабинет, кој предизвика бура од жестоки реакции во јавноста во Македонија.