ШТО ГИ ПОВРЗУВА БАШАНОВИЌ, ЗАЕВ И ГАШИЌ? Од ВМРО-ДПМНЕ го прашуваат СДСМ дали знае дека Вучиќ е политичар во друга држава

Вучиќ освен со Башановиќ, како што наведува ВМРО-ДПМНЕ, по сѐ изгледа дека не е во добри односи и со Гашиќ, по она што се случи во Коњух каде беа запленети 5 тони дрога на член на СНС, близок до Гашиќ. Вучиќ изгледа не е во добри односи и со Заев, па оттаму и нападите на СДС против Вучиќ.

467

ПР-от на СДС предводен од Башановиќ, изгледа заборава дека СДС е партија во Македонија, а не во Србија, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Башановиќ е во лоши односи со Вучиќ – човек кој направи повеќе за Македонија, отколку Заев кога беше премиер. Но, ни се отвора нова загатка, а таа е за поврзаноста на Башановиќ, Заев и Гашиќ. Кружат информации во кулоарите на нарко бизнисот во Србија дека оваа тројка и тоа како има поврзаност со запленетата дрога од 5 тони. Дополнително, ако потсетиме дека човекот кој ја одгледувал дрогата во случајот ‘Јовањица’ е близок до Гашиќ, а во Македонија бил соработник во фирми на братучедите на Заев, (Трајче) чиј возач го уапси ДЕА за 200 килограми дрога кога сакаше да ги пренесе низ граница“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






Вучиќ освен со Башановиќ, како што наведува ВМРО-ДПМНЕ, по сѐ изгледа дека не е во добри односи и со Гашиќ, по она што се случи во Коњух каде беа запленети 5 тони дрога на член на СНС, близок до Гашиќ. Вучиќ изгледа не е во добри односи и со Заев, па оттаму и нападите на СДС против Вучиќ.

„Клопчето се одмотува, поврзаноста на Заев и Филипче со дрогата во Србија и во Македонија по сѐ изгледа ќе излезе на површина“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини