📽️ ШТО ГИ НАТЕРА ФУДБАЛЕРКИТЕ НА ИРАН ДА СЕ ПРЕМИСЛАТ? Молчеа, па отпеаја химна, па молчеа во автобус

Иранските фудбалерки на првиот натпревар од Азискиот куп одбија да ја пеат химната, што предизвика силни реакции кај навивачите. Во следните два меча, вклучувајќи го и дуелот со Филипините, тие ја пееја и ја поздравуваа, што отвори сомнежи дека биле под притисок од иранските власти.

930

Женската фудбалска репрезентација на Иран предизвика силни реакции на Азискиот куп во Австралија. На првиот натпревар пред 6 дена тие одбија да ја пеат националната химна. Многумина тоа го сфатија како знак на протест, а некои ги означија и како „предавнички на својата нација“.

Во следните два натпревар против Австралија и против Филипините ситуацијата се смени. Фудбалерките ја пееја химната и ја поздравуваа. Ова ги зголеми сомнежите дека фудбалерките биле под притисок од иранските власти.






Во неделата, стотици ирански навивачи дојдоа на натпреварот меѓу Филипините и Иран на Голд Коуст. Дел од нацвивачите изразија страв за безбедноста на фудбалерките. Новинарката Кејти Вотсон, дописничка од Австралија, разговараше со дел од навивачите.

 

Контактот меѓу тимот и навивачите беше минимален. Сепак, еден мал гест предизвика силни реакции. Фудбалерка која добиваше медицинска помош на клупата се сврте кон трибините. Таа им испрати бакнеж на навивачите.

 

Публиката одговори со гласно навивање. Моментот се почувствува како силна порака.

По завршувањето на натпреварот сцената повторно стана драматична. Филипинските фудбалерки останаа на теренот да им се заблагодарат на своите навивачи. Но, иранскиот тим веднаш се повлече во соблекувалната.

Подоцна, кога тимот се качи во автобус, ги чекаа стотици ирански Австралијци. Дел од нив се обидуваа да го запрат автобусот. Некои држеа транспаренти со порака фудбалерките да останат во Австралија. Тие бараа и австралиската полиција да ги заштити.

Играчките гледаа низ прозорците во тишина. Некои се смешкаа и претпазливо мавтаа. Други останаа сериозни и замислени.

Поврзани содржини