ШТО Е ВИСТИНА? Принцезата Шарлин се крие поради неуспешна пластична операција и страшни лузни на лицето (ВИДЕО)
Принцезата наводно отишла „под нож“ во Дубаи, но процедурата тргнала наопаку, поради што принцезата сега има лузни на лицето.
Се појавија нови информации за принцезата Шарлин, која моментално е на лекување во Швајцарија.
Како што порано се истакнуваше нејзиниот сопруг, принцот Алберт, тоа ѝ била желба бидејќи не се чувствувала психички добро, а нејзиниот татко Мајк Висток неодамна коментирал за сѐ.
Тој се огласил поради бројните шпекулации во јавноста за здравјето на неговата ќерка, за која се верува дека била насилно хоспитализирана за да не се разведе од принцот прељубник.
– Не ја видов ќерка ми додека беше во Јужна Африка. Не сакав да ризикувам и да ја заразам бидејќи имаше толку многу медицински интервенции. Таа е многу чувствителна“, рекол Мајк.
Шарлин од Монако моментално се лекува во специјална установа.
– Ќерка ми пливаше по 20 километри дневно. Знам колку е силна и дека ќе закрепне и ќе се врати многу посилна – заклучил таткото на принцезата, но не открил повеќе детали.
Меѓутоа, сега се појавија нови информации кои немаат врска со психичката состојба на принцезата, туку со пластична операција. Имено, експертот за кралското семејство Пилар Ејр тврди дека принцезата се крие од јавноста затоа што си го уништила лицето при последната пластична операција. Принцезата наводно отишла „под нож“ во Дубаи, но процедурата тргнала наопаку, поради што принцезата сега има лузни на лицето.
Засега никој не ги потврдил ниту ги демантирал нејзините тврдења, но познато е дека Шарлин и порано го подобрувала изгледот кај хирурзите, иако тоа никогаш не го признала.
Шарлин од Монако наводно направила пластична операција. Некои коментираат дека го оперирала носот, некои усните, а други дека си ја скратила брадата. Нема докази за корекции, само стари фотографии кои покажуваат колку принцезата се променила во последните неколку години.