ШТО Е СТАРОСТ? Ал Пачино има 84 години, но нема одговор на тоа прашање

279

Легендарниот актер Ал Пачино ја ситни деветата деценија и  доби син минатата година, на 83-годишна возраст со неговата многу помлада партнерка.

Во овие години, тој целосно го смени своето мислење за стареењето, но и на однесувањето. Порача дека за него е клучно да не ги троши нервите на луѓе кои не се сочувствителни кон него и да им се предаде максимално на своите најблиски.






Новинар го праша Пачино, која е неговата возраст и како се чувствува кога ја ситни деветтата деценија.

Неговиот одговор беше: Што е старост?

Со текот на годините, се промени и неговиот став кон жените.

– Не сакам да бидам автомобил од кој влегуваат и излегуваат жени. Ми треба придружник со кого ќе одам до самиот крај – рече актерот.

Маестралниот актер вели дека староста му донела можност да стане бескомпромисен и нетолерантен кога станува збор за бесмислени испади на други луѓе.

Актерот кој сега има 84 години вели дека му е жал само за една работа.

– Штета што само во овие години сфаќаме дека можеме и мора да излеземе од животот на сите оние луѓе кои не треба да бидат близу до нас, кои не иритираат и ни штетат – порача Ал Пачино.

Поврзани содржини