ШТО Е СПОРНО ВО ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ?, ПРАШУВА ВМРО-ДПМНЕ Се прави штета на ликот на Гоце, тврди СДСМ

Од партијата обвинуваат дека пратениците на СДСМ не ја прошитале Декларацијата и не ја сфатиле нејзината  сериозност и бараат пратениците од власта да објаснат што е спорно.

276

Скандалозна е одлуката пратениците од коалицијата на СДСМ да ја отфрлат Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев поднесена во Собранието, реагира опозицискта партија. Од СДСМ, пак, возвраќаат  дека ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета на ликот и делото на великанот Гоце Делчев и бараат да опозицијата да ја повлече Декларација.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека пратениците на СДСМ не ја прошитале Декларацијата и не ја сфатиле нејзината  сериозност и бараат пратениците од власта да објаснат што е спорно.






– СДСМ не објасни што конкретно од Декларацијата за нив е неприфатливо, дали за нив е спорно истакнувањето на ликот и значењето на Гоце Делчев во револуционерната борба за државност на Македонија.Повторно ги повикуваме пратениците на СДСМ и коалицијата во Собранието да одговорат дали за нив е неприфатлив повикот до медиумите во годината  кога се одбележува 150 годишнината од раѓањето на Делчев да вообличат содржини со кои ќе се одбележи ликот и делото на овој најголем херој на земјата?Не одговорија дали е неприфатлив повикот до Институтот за национална историја и до МАНУ  да организираат научни собири по повод овој голем јубилеј?Дали за СДСМ е неприфатлив и повикот до училиштата, во рамките на одделенските и класните часови, да спроведат активност со која учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Делчев?- пршува ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека со одбивањето на Декларацијата во Собранието, СДСМ се против повикот за издавање на пригодна поштенска марка по повод овој голем јубилеј.

– Со отфрлањето на декларацијата од страна на СДСМ веќе е јасно дека СДСМ и пиунот Ковачевски преговараа за ликот и делото на Гоце Делчев, што е темелот на македонската борба за државност и независност.Ваквите скандалозни ставови на СДСМ по однос на Декларацијата го потврдуваат стравот на јавноста дека власта е дел од некое сценарио кое има за цел натамошно да ја девалвира државноста и историјата на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ, пак, возвраќаат  дека ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета на ликот и делото на великанот Гоце Делчев преку нивната таканаречена декларација.

– Декларацијата е нивно политичко подметнување со цел да се продлабочат поделбите меѓу граѓаните.

Оваа безидејна партија е против нашите евроинтеграции, во нивен стил повторно ја промашија темата. Бранат нешто што не е нападнато и со тоа покажуваат колку се исплашени и несигурни.СДСМ нема да дозволи таквиот дилентантизам и несигурност да бидат пренесени на граѓаните.Никој не заборава дека ВМРО-ДПМНЕ правеше споменици на Ќосето, дека на партиски настани воспева и слави личности како Ванчо Михајлов, Тодор Александров и други кои се спротивни на Гоце Делчев и на македонските интереси во тој период – велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека со Декларацијата се понижува делото на Делчев.

-Ваквото политичко понижување на делото на Делчев и штета на грбот на националниот интерес покажува дека нема разлика помеѓу Христијан Мицкоски и некои други бугарски политичари кои имаат за цел градење политички кариери преку одржување на спорот помеѓу двете земји.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се засрамат и да ја повлечат оваа нивна срамна Декларација – велат од СДСМ.

 

Поврзани содржини