„ШТО Е СО КЕЈТ МИДЛТОН, СЕ ПОЈАВИ?“ Барајте ја принцезата наместо да се занимавате со Русија, порача Захарова

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во конфликтот со британскиот министер за одбрана, Грант Шапс.

2,079

Во сагата околу руските избори и „неверојатната победа“ на Владимир Путин, се „појави“ дури и Кејт Мидлтон! Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во конфликтот со британскиот министер за одбрана, Грант Шапс, ја спомна и принцезата од Велс. Захарова му порача на Шапс, наместо да се занимава со руските избори, да ја бара Кејт Мидлтон.

Шапс претходно изјави дека Владимир Путин „повторно ги украл изборите, но нема да ја украде Украина“.






„Обединетото Кралство ќе работи со сојузниците за да се запре кражбата со зголемување на севкупната помош за Украина. Како што покажува историјата, мора да ги запреме диктаторите и автократите, во спротивно тие ќе продолжат да крадат уште повеќе“ – напиша Шапс.

На оваа изјава на британскиот министер реагираше Захарова, која изјави дека Британците се „навикнати да ограбуваат сѐ“.

„Ништо не им украдовме. Не им го дадовме нашето. Така тие се лутат. Навикнати се на секого да му одземаат сè со право на „ексклузивност“…Патем, што е со Кејт Мидлтон? Се појави? Шапс, барајте ја“ – напиша Захарова на социјалните медиуми.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи му порача на Шапс да ја бара принцезата од Велс, наместо да се занимава со Русија, алудирајќи на мистериозното отстуство на Кејт Мидлтон по хируршката интервенција што ја имаше во јануари во приватна лондонска болница.

Поврзани содржини