ШТО ЌЕ СЕ ПРАВИ СО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА? Според опозицијата, оставката на директорот не е доволна

Апелираме комисијата при ДСЗИ и стручниот надзор за случајот со починатото новороденче задолжително, покрај утврдувањето на сите факти за третманот на пациентката, истовремено да даде стручни препораки за подобрување на состојбата конкретно во битолската болница – порачува ВМРО-ДПМНЕ.

542

Итно бараме целосно расчистување на случаите во Болницата во Битола кои за помалку од еден месец ја потресоа македонската јавност- починато девојче од битолско Кравари и случајот со новороденчето што почина пред два дена – соопшти Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

„Апелираме комисијата при ДСЗИ и стручниот надзор за случајот со починатото новороденче задолжително, покрај утврдувањето на сите факти за третманот на пациентката, истовремено да даде стручни препораки за подобрување на состојбата конкретно во битолската болница и за корективните мерки јавноста да биде информирана. Потсетуваме дека јавноста не го доби интегрално извештајот од стручниот надзор ниту за девојчето кое почина од битолско Кравари, а ниту во тој случај не видовме корективни мерки кои што би биле превземени во битолската болница за да ваков немил настан не се повтори“ – се вели во објавата на Комисијата на ВМРО-ДПМНЕ.






Според опозицијата, оставката на директорот на битолската болница нема да промени ништо суштински, а со продолжување на институционалниот молк и непреземањето апсолутно никакви корективни мерки наместо да се разрешат отворените дилеми, со стручни факти и аргументи и транспарентно, самите надлежни институции учествуваат во градењето на истата таа недоверба кон здравствениот систем и медицинскиот персонал.

„Како здравствени работници сметаме дека интегритетот на здравствениот работник е неспорен. Токму ваквиот досегашен пристап со нула транспарентност за извештаите од комисиите за стручен надзор, немањето корективни мерки за одредени аномалии за тие да не се повторат, како и неводењето грижа во овој сегмент, креираат недоверба и се на штета на целиот здравствен систем и на здравствените работници, а најмногу на штета на пациентите“ – се вели во соопштението.

Поврзани содржини