Што ќе прави Трамп откако ќе ја напушти Белата куќа?
Доналд Трамп прекрши многу норми како претседател на САД - истакнал Тим Колинс, професор по маркетинг на Универзитетот Нортвестерн. Тој додал дека нема потреба ни да се помислува на тоа дека Трамп ќе се однесува како и другите поранешни претседатели.
Доналд Трамп ќе остане на власт до 20 јануари следната година, а тогаш својата функција ќе мора да му ја предаде на наследникот и да му се придружи на ексклузивниот клуб на поранешни американски претседатели, пишува Би-Би-Си.
Ако погледнеме во историјата, Џими Картер веднаш по завршувањето на својот претседателски мандат почнал да се занимава со хумантиарна работа, а Џорџ Буш со сликарство.
За воља на вистината, Трамп никогаш не бил традиционален политичар.
– Доналд Трамп прекрши многу норми како претседател на САД – истакнал Тим Колинс, професор по маркетинг на Универзитетот Нортвестерн. Тој додал дека нема потреба ни да се помислува на тоа дека Трамп ќе се однесува како и другите поранешни претседатели.
Но, сепак, издвојуваме неколку сценарија коишто би можеле да се случат во врска со иднината на Трамп.
Би можел повторно да се кандидира
Ова не мора да биде крај на неговите политички амбиции, бидејќи тој може повторно да се кандидира за претседател на САД, како што тоа еднаш го стори Гловер Кливленд.
Кливленд е единствениот претседател кој излегол од Белата куќа и по 4 години повторно се вратил. Тој станал претседател во 1885 година, а потоа повторно во 1893 година.
Спасување на бизнисот
Пред да стане политичар, Доналд Трамп беше могул за недвижнини, телевизиска ѕвезда и амбасадор на сопствениот бренд.
Можеби ќе сака повторно да се врати во бизнисот и да продолжи онаму каде што застана пред четири години.
Медиумска ѕвезда
Телевизијата не му е непозната страна на Трамп, особено по неговото појавување во „ријалити“ серијата „Шегрт“.
Поради тоа се шпекулира дека неговата амбиција е да почне да се занимава со медиумите, или, пак, да отвори сопствен канал.
Претседател во пензија
Трамп ќе добива претседателска пензија кога ќе ја напушти функцијата во јануари следната година.
Законот за поранешните претседатели, кој на сила стапил во 1958 година, овозможува годишна пензија во износ од 207.800 долари.