ШТО Е ПОВЕЌЕ, 11% ЗА 10 ГОДИНИ ИЛИ 21% ЗА 6 ГОДИНИ? Битиќи му постави математичка задача на Славески

Кога сме кај бројките сакам да ве потсетам дека просечната плата за 2006 треба да се зголеми за 2.300 денари кои во тоа време беа дополнително исплаќани како додаток за превоз и исхрана, а не влегуваа во нето платата, напиша вицепремиерот Фармир Битиќи на Фејсбук.

972

„Ах, повторно се огласи славниот архитект на економските политики од 2006 година, чии грандиозни економски дизајни весело танцуваат над работ на пропаста и го заслепуваат дури и сјајот на Белата палата. Неуморно се измислуваат економски пресметки кои се толку прекрасно искривени што би го засрамиле и најнеискусниот економист“.

Ова го одоговори вицепремиерот Фатмир Битиќи откако Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ напиша колумна во која го поставува прашањето дали може Фатмир од ДУИ, мислејќи на министерот Бесими, да му одржи час по математика на Фатмир од СДСМ, односно на Битиќи.






„Но, не плашете се, драги граѓани, бидејќи сред неговата заплеткана мрежа од економска конфузија, се појавува трошка вистина. Професоре Славески, очигледно дека не ви лежат предметите каде се изучува методологија и економетрија, па си ги прикажувате бројките како ви одговара, и уште поочигледно некој ви дошепнал лош превод за ‘Кумулативна годишна стапка на раст’, тука нема ништо ‘сложено’. Кога сме кај бројките сакам да ве потсетам дека просечната плата за 2006 треба да се зголеми за 2.300 денари кои во тоа време беа дополнително исплаќани како додаток за превоз и исхрана, а не влегуваа во нето платата. И кога ќе се корегира вашата весела математика со овој факт, добиваме дека нето платите од 2006 до 2016 номинално пораснале не за 65,3%, туку за 41,2%, па оттука реалниот раст на плати за периодот од 2006 до 2016 година е 11,2%. Што е повеќе, 11,2% за 10 години, или 21,3% за шест години??? П.С. Недела е неработен ден за сите граѓани, ‘предавањето’ не е во дејностите кои се исклучени“, одговори Битиќи.

Фатмир против Фатмир – може ли тој од ДУИ на тој од СДСМ да му одржи час по математика?

Поврзани содржини