ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА КОМПРОМИС? За Лавров шанси постојат, еве ги барањата на Русија

Американскиот одговор се состои од два дела, првиот дел одговара на три клучни прашања што ги идентификувавме: непроширување на НАТО, нераспоредување на заканувачко оружје и целосно враќање на воената и воено-техничката конфигурација во Европа од 1997 година. На овие прашања одговорот е негативен, се разбира, не може да нè задоволи, објасни Сергеј Лавров кој сепак е оптимист и вели дека уште има шанса за договор.

652

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вели дека уште има шанси НАТО и Русија да се договорат околу ситуација со Украина, иако руските барања ни оддалеку „не се задоволени“. Првичните најави дека Украина ќе се откаже од членство во Алијансата можат „да помогнат“, оптимистичен е и првиот човек на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Откажување на Украина од амбицијата за НАТО ќе ги намали стравовите на Москва за безбедноста и ќе помогне во преговорите со Западот за безбедносните гаранции кои ги бараме – изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.






Кои се барањата на Русија кои првично Вашингтон ги одби?

– Американскиот одговор се состои од два дела, првиот дел одговара на три клучни прашања што ги идентификувавме: непроширување на НАТО, нераспоредување на заканувачко оружје и целосно враќање на воената и воено-техничката конфигурација во Европа од 1997 година. На овие прашања одговорот е негативен, се разбира, не може да нè задоволи – објасни Сергеј Лавров.

Но, ситуацијата се менува од час во час. Се претпоставува дека попладнево шефот на Русија ќе ги обзнани руските одговори кон предлозите на Вашингтон. Лавров го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека е формулирана реакцијата на Русија за безбедносните гаранции и дека таа содржи 10 страници.

– Најзаинтересирани сме за одговорот на САД, бидејќи на сите им е јасно кој игра голема улога во решавањето на овие прашања во западниот табор – нагласи шефот на руската дипломатија.

Тој додаде дека можностите за дијалог „не се исцрпени“. Лавров истакна дека Русија внимателно ги проучувала одговорите на САД и НАТО околу предлозите на Москва за безбедносни гаранции.

– Морам да кажам дека сè уште има шанса да се решат проблемите што треба да се решат – изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на телевизиската средба со претседателот Владимир Путин.

Минатонеделната средба на францускиот претседател Макрон и Путин откри уште еден „дел“ од преговорите. Тоа е заложбата на Русија да се спроведат Договорите од Минск, како единствен пат до деескалација на конфликтот. Договорите кои беа потпишани во 2014 и 2015 година, кога Путин влезе на Крим, предвидуваат децентрализација и поделба на Украина на автономни региони, како и посебни права, парламен и локална полиција за Донбас и Луганск.

Поврзани содржини