🎥 ШТО Е ПОСРЕЌНО ОД ДЕТЕЛИНА СО 4 ЛИСТА? Детелина со … ај погодете колку листови е светскиот рекорд!
Мала помош... Стариот рекорд што го собори Јошихару Ватанабе беше поставен во 2009 година од друг Јапонец, Шигео Обара. Беше тоа детелина од 56 листови.
Што е посреќно од детелина со четири листа? Па, детелина со пет листа, се разбира. Според таа логика, колку повеќе лисја има детелината, толку повеќе среќа носи.
Тоа би значело дека 45-годишниот Јошихару Ватанабе од Јапонија со право може да се смета себеси за најсреќниот човек на светот, откако постави нов Гинисов рекорд со одгледување на детелина со 63 индивидуални лисја.
Тој е првиот човек што некогаш одгледал детелина со 63 лисја!
Неговата неверојатна приказна почнува во 2009 година, кога почна да собира детелини со повеќе од 3 лисја и да ги сади во својата домашна градина. Малото растение е прилично еластично, па сè што треба да се направи е да се изврши вкрстено опрашување, за да се добијат исклучителни примероци, но со најмногу 20 лисја.
Откако ќе ја оствари таа своја цел, Ватанабе почнува да сонува да постави нов светски рекорд, но не се надевал дека ќе одгледа детелина со неверојатни – 63 листа.
Стариот рекорд што го собори Јошихару Ватанабе беше поставен во 2009 година од друг Јапонец, Шигео Обара. Беше тоа детелина од 56 листови.