ШТО Е ПООПАСНО ЗА КРВНИТЕ САДОВИ, ИНДУСТРИСКАТА ХРАНА ИЛИ СЛАНИНА И ЧВАРКИ? Контроверзната свинска маст е богата со холестерол, но и со витамин Д

Денешниот човек и покрај сиот напредок, сè уште е неедуциран кога станува збор за исхраната. Изгледа дека многу луѓе заборавиле како се хранеле нивните предци. Одеднаш, не е доволно да се јаде обичен, старомоден качамак со сирење и млеко, мора да се тоа индустриски обработени пченкарни зрна, млеко со низок процент на маснотии и растително „сирење“, вели диететичарката Ивана Ѓуровиќ.

922

Свинската маст е една од контроверзните намирници, некои експерти воопшто не ја препорачуваат и ја поврзуваат со сериозни кардиоваскуларни заболувања, мозочен и срцев удар.

Од друга страна, многу лекари и диететичари ја посочуваат умерената употреба на свинската маст како здрав начин за добивање на еден витамин кој ни е најважен во овој период од годината – тоа е витаминот Д.






Овие експерти наведуваат дека најчесто неправилната исхрана е најчесто неправедно „обвинета“ за пандемијата на кардиоваскуларни заболувања, додавајќи дека причина за оваа појава е синергијата на повеќе фактори.

Можеме ли да тврдиме дека шеќерите или мастите од животинско потекло се априори лоши?

Кога се зборува за нутритивните ризик фактори, експертите подразбираат хиперкалорична исхрана, висок внес на масти од животинско потекло (заситени масни киселини и храна богата со холестерол), недоволно внесување на мононезаситени и полинезаситени масни киселини омега-3, омега-6.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини