ШТО ЌЕ МУ ПОНУДИ ДЕНЕСКА ПУТИН НА БАЈДЕН? НАТО се шири на исток, Русија на запад
Се смета дека Путин ќе побара и писмена гаранција дека НАТО нема да се проширува на исток.
Тензична онлајн-средба меѓу претседателите на двете најголеми светски сили се очекува попладнево во 17 часот да ја разреши или да ја продлабочи кризата околу Украина и „руската црвена линија“. Путин ќе побара НАТО да не се прошири во оваа земја, а за возврат ќе ѝ понуди свои гаранции за алијансата, објаснува портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Се смета дека Путин ќе побара и писмена гаранција дека НАТО нема да се проширува на исток.
– Безбедносните гаранции, се разбира, не можат да бидат еднострани – рече Песков, пренесе агенцијата Интерфакс.
Според најавите од Кремљ, видео-средбата меѓу американскиот и рускиот претседател треба да започне околу 17 часот по средноевропско време и се очекува да трае до вечерта.
Тензиите околу Украина ќе бидат во центарот на разговорите. Соединетите Американски Држави ја обвинуваат Русија за натрупување граници на границата со Украина, што предизвика сомнеж во НАТО дека Путин планира окупација.