Што е „лажно позитивен“ резултат од тестот за ковид-19 и кога може да се појави?
Како што сугерира името, лажно позитивниот резултат покажува дека некое лице е позитивно на новиот коронавирус, иако не е заразено со ковид-19.
Многумина се прашуваат дали може да се појават грешки при тестирањето за новиот коронавирус.
„Твитер“ е полн со теории за резултатите од „лажно позитивните“ тестови, а некои корисници на оваа платформа тврдат дека многумина се принудени да го стават животот во мирување и да се изолираат кога се целосно здрави и немаат ковид-19. Дали има вистина во ова?
Што е „лажно позитивниот“ резултат од тестот за ковид-19?
Како што сугерира името, лажно позитивниот резултат покажува дека некое лице е позитивно на новиот коронавирус, иако не е заразено со ковид-19.
Ниту еден тест не е точен 100 проценти, така што некои луѓе можат да добијат позитивен резултат кога ја немаат болеста ковид-19 или обратно, пишува британското „Мetro“. Сепак, важно е да се нагласи дека ова не е честа појава.
Според универзитетската болница во Оксфорд, тестот открива приближно 70 проценти од инфекциите со коронавирусот. Ако добиете негативен резултат од тестот, но имате симптоми на коронавирус, тогаш најдобро е да се изолирате.
Како се појавуваат „лажно-позитивните“ резултати?
Лажно-позитивни резултати може да се појават од повеќе причини.
Тестот е можеби направен погрешно, брисот беше контаминиран, резултатот се мешаше со некој друг или тестот погрешно ја препознал инфекцијата (на пример, тој го идентификувал грипот наместо вирусот ковид-19).
Што треба да направите ако мислите дека имате „лажно-позитивен“ тест за ковид-19?
Лажно позитивните резултати се многу невообичаени, затоа треба да претпоставите дека имате вирус ако имате позитивен тест и соодветно да се изолирате, дури и ако немате симптоми и се чувствувате целосно добро.