ШТО Е, ДРУГАРЧЕ, АМЕРИТЕ И ТЕБЕ ЛИ ТЕ ФАНАА? Миодраг Давидовиќ Дака, човекот кој правеше зделка со Заев, со Рашковски и со Кичеец, на црната листа на САД!
Контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, кој на македонската јавност ѝ стана познат по коруптивниот скандал во владата на СДСМ, е ставен на црната листа на САД, како претставник од Црна Гора.
Контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, кој на македонската јавност ѝ стана познат по коруптивниот скандал во владата на СДСМ, е ставен на црната листа на САД, како претставник од Црна Гора.
Скандалот поврзан со Дака во Македонија го обелодени ВМРО-ДПМНЕ во 2020 година. Партијата откри дека фирмата на која гласи земјиштето на ШИК „Јелак“ во тетово, на кое беше предвидена изградба на над 2.000 станови и илјадници метри квадратни трговски и деловни објекти, е формирана во Панама под името „Адастра груп корп“. Нејзин сопственик е Давидовиќ Дака. Таа го купила фабриката ШИК „Јелак“, со обврска да ја рестартира. Но, тој со Заев, според тогашните наводи, имал друга бизнис шема.
Донесена е измена на Деталниот урбанистички план, со која на Дака му се овозможува да изгради бетонска џунгла среде Тетово. Земјиштето, доколку првично се продавало како парцела за станбени згради, ќе се продадело по многу повисока цена од таа по која го платил Дака. Така бил штетен буџетот на Македонија.
За овој скандал се појави и аудио-снимка на Јутјуб, под наслов „Лепливи раце“. Од снимката може да се заклучи дека Миодраг Давидовиќ Дака, лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговиот соработник и пријател Драги Рашковски, тогаш генерален секретар на Владата, заедно ковале план како сите да заработат од оваа зделка. Снимката е дел од разговор меѓу Дака и контроверзниот Зоран Милески Кичеец, подоцна осуден во корупцискиот скандал „Рекет“, кој кажува дека е пратен директно од Заев.
Милески го потсетува Дака дека му дал ветување на Рашкоски да помогне да се заврши работа за референдумот за името. На снимката се слуша дека Дака е незадоволен, бидејќи се чувствува изигран – дал 300.000 евра, но не го добил тоа што го сака. Во најсилната реплика, Дака вели: „„Ги знам тие ваши трикови. Јас вас ви дадов 300.000 евра и 2.000 квадрати, работата не е завршена, што сакате уште. Јас тебе (мисли на Кичеец) те исплатив и со тебе немам ништо“. На што Милески одговара дека има работа сега со Рашкоски.
„Целиот процес е крајно сомнителен. Јавното обвинителство мора веднаш да отвори постапка и да утврди: Каде завршиле 300.000 евра и 2.000 метри квадратни кои Дака вели дека ги дал во снимката? Дали и на кого платил уште 4 милиони евра мито? Колку е оштетен буџетот на Македонија со тоа што Дака купил фабрика со огромно земјиште на кое сега ќе гради згради?“, инсистираше тогаш ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е таа снимка:
Инаку, за Миодраг Давидовиќ Дака медиумите во регионот пишуваат дека е личност со контроверзна улога, во прв ред во политичките случување во Црна Гора и Србија, а постојат сомневања дека е експонент на одредени руски кругови под контрола на тајните служби. Тој 12 години бил финансиски раководител на железарницата „Борис Кидрич“ кај црногорскиот град Никшиќ. Потоа во 1990-тите години од минатиот век бил началник на Центарот за безбедност во Никшиќ и министер во Владата на Слободна (српска) автономна област Херцеговина, во периодот на војната во Босна и Херцеговина.
По завршувањето на војната, почнал да се занимава со бизнис. Го основал претпријатието „НЕКСАн“ во 1992 година, кое се занимавало со трговија со нафта и алкохолни производи, а во два наврата тој и неговата компанија ја контролирале Никшиќката железарница. Имал обид да влезе и во политиката и бил кандидат за градоначалник на Никшиќ.
Во декември 2019 година имало обид за атентат врз него во хотелот „Краун Плаза“ во Белград, кај што неколку години наназад тој живее, а пред десет години бил и тешко повреден во физички напад со метални шипки.
Во одредени медиуми се споменува како финансиер на Демократскиот фронт во Црна Гора, чии лидери беа обвинети и судени за наводниот обид за пуч во земјата зад кој стоело руското воено разузнавање. Беше посочуван како добавувач на оружје на групата која на 16.10.2016 година планирала терористички напади на денот на парламентарните избори во Црна Гора. Најавувал и дека на претстојните претседателски избори сака да се кандидира за претседател на Црна Гора.
Давидовиќ бил апсен уште во 1997 година за наводни малверзации со Тутунскиот комбинат. Во 2009 година во медиумите се споменува како вмешан во фиктивен извоз на нафта кон Косово, но тие обвинувања обвинителството никогаш не ги потврдило.
Во гореспоменатото обвинение за малверзации со Тутунскиот комбинат, ја оштетил државната каса за 10,5 милиони тогашни германски марки. До судење не дошло затоа што тогашниот претседател на Црна Гора, Момир Булатовиќ, го аболирал, бидејќи постоела опасност тој преку ваквиот притисок и компромитација да биде искористен како главен сведок во случајот за наводен шверц на тогашниот министер за внатрешни работи Филип Вујановиќ и директорот на државна безбедност Вукашин Мараш.
Компанија на Давидовиќ сега е посветена на градежништвото и гради згради во Будва, Котор, Никшиќ и во Подгорица.